Таа не е Кејт Мидлтон, но има титула и сопствена империја: Неверојатното богатство на Пипа Мидлтон

Таа не е Кејт Мидлтон, но има титула и сопствена империја: Неверојатното богатство на Пипа Мидлтон

Објавена во: Живот // Живот

Богатството на Пипа Мидлтон би можело да се мери со она, кое моментално го поседува нејзината сестра Кејт, иако не е член на кралското семејство, ниту носи титула. Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејмс Метјуз покрај големата љубов и преслаткото семејство, поседуваат и сопствема палата и огромно богатство.

Додека Кејт се подготвува да стане идна кралица, а секој нејзин чекор светските медиуми и бројните членови на британското кралско семејство го следат внимателно, Пипа Мидлтон се труди својот, подеднакво магичен живот да го сокрие од љуботните погледи.

По бракот со Џејмс, таа стана сопственик на фонд, кој вреди милијарди долари. Пипа Мидлтон исто така живее во палата и тоа вредна дури 22 милиони долари, а нејзината вила на пет спрата има теретана, кино, како и „walk in“ гардеробер за него и неа.

Пипа воедно има и титула, која нема врска со кралското семејство и заслугите на нејзината сестра, туку е поврзана со нејзиниот свекор Дејвид Метјуз, кој го купил дворец и огромен имот во Шкотска во 2008 година. Со тоа Дејвид станал „Властелин Грен Африка“, а Пипа Мидлтон ќе стане „Дама од Глен Африка“.

Сè почесто, Пипа и нејзиниот сопруг се во центарот на вниманието на медиумите, а раѓањето на нивната ќерка Грејс ги враќа во фокусот на британските медиуми. Сепак, извор близок до двојката за „Пипл“ изјави дека нивна најголема желба е конечно да започнат мирен живот со своите две малечки, далеку од љубопитните погледи.

Особено вознемирувачки е, тврди изворот, што животот на Пипа Мидлтон е под лупа, бидејќи таа е сестра на Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам. И дека секоја нејзина постапка постојано се преиспитува.

„Чувствувам дека медиумите ме малтретираат. На крајот, јас си го трасирам сопствениот пат и живеам мирен живот“ - рече таа еднаш.

Богатството на Пипа Мидлтон во јавноста се карактеризираше како мудар потег, а нејзиниот брак како деловен план, и за сето тоа, како што пишуваа медиумите, може да ѝ заблагодари на својата сестра.

„Луѓето ме доживуваат како некој што ја искористил својата позиција“ - истакна Пипа за „Дејли меил“.

Откако ѝ засмета имиџот на девојка која добро се омажи, Пипа Мидлтон се претвори во филантроп, кој од хуманитарни причини помина 3.000 милји со велосипед, за парите да бидат уплатени во Британскиот фонд за срце. Таквата Пипа се вљуби во Џејмс Метјуз во 2014 година, а нивната љубов ги засени сите написи во медиумите.

Богатството на двојката сега се проценува на 2,6 милијарди долари, а и двајцата се прифатени во високите социјални кругови во Велика Британија.

„Станав посилна со текот на времето, иако сè уште има многу медиумски напади врз мене“ - рече Пипа, која денес ужива во своето богатство, како во семејното, така и во материјалното, и не дозволува медиумските написи да ја нарушуваат беспрекорната врска што ја има со нејзината сестра Кејт.

фото: Profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: