Таа се вбројува помеѓу најпопуларните девојки на Инстаграм: Еве и зошто

Таа се вбројува помеѓу најпопуларните девојки на Инстаграм: Еве и зошто

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите девојки сакаат да се облекуваат како Британи Ксавиер и тоа не е претерување. Она што во нејзиниот живот започна како блог „Thrifts and Threads“, прерасна во неприкосновен статус на ѕвезда на Инстаграм која секојдневно ја следат повеќе од милион и пол луѓе.

Како точно Британи стана стилска икона на дигиталната генерација? Прво и најважно, таа секогаш се однесува како да е на „ти“ со облеката што ја носи. Кај неа нема гламур по секоја цена.

„Мојот стил би го опишала како многу разноврсен. Ми се допаѓа што можам да префрлам нешто од дневната во вечерната верзија и со тоа да ја направам целата комбинација поудобна. Обично носам панталони или фармерки - ретко ќе ме видите во здолниште или фустан. Упорно откачувам по некои едноставни парчиња облека - памучна маица во лето, џемпер од кашмир во зима.“

Често можеме да ја видиме и во „оверсајз“ сакоа, за кои признава дека најчесто ги купува од одделот мажи - а дали тоа го смета и за свој заштитен знак?

„За ова често ме прашуваат, но јас сепак мислам дека сум најпрепознатлива по накитот кој го носам скеој ден, а тоа се уникатните нараквици и ланчиња“ - додава Британи.

На прашањата кон кои детали и облека, освен кон споменатиот накит, негува сентиментални чувства, таа вели:

„И понатаму ја чувам својата прва „Гучи“ чанта која си ја купив. Не сум сентиментална кон фармерки и едноставни работи, но драги ми се дизајнерските парчиња, бидејќи ме потсетуваат на важни моменти во животот“.

А, кој е за неа модна икона, кога е стилот во прашање?

„Се воодушевувам на Џиџи Хадид. Иако понекогаш одбира „edgy“ опции, секогаш изгледа скоцкано“.

фото: Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: