Тагата ги спои Цеца и Карлеуша: Љубовта и почитта кон Марина Туцаковиќ се поголеми од секој конфликт
На повеќегодишните ривалки за првпат не им беше важно што се на исто место, во исто време...
Најпознатата авторка Марина Туцаковиќ беше испратена на вечна починка од нејзините најмили.
Многу пејачи присуствуваа на опелото како познатата група Зана, Саша Матиќ, Оливер Мандиќ, Жељко Јоксимовиќ, а беше организирана и поворка која се движеше до горбот на синот на Марина, Милош Радуловиќ, каде по своја последна желба беше погребана и Туцаковиќ.
Дека почитта и љубовта кон Марина се поголеми од секој конфликт, докажа и денешната средба на двете долгогодишни ривални Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ, кои за првпат не се грижеа за тоа што се најдоа заедно на исто место, во исто време. Во овој тежок момент за двете нема место за ништо друго освен за Марина, која вечно ќе биде во нивните срца...
За време на погребот, Јелена и Цеца немале директен контакт.