Тајна која никој не ја знаел 130 години: Зошто има ананас на врвот на пехарот Вимблдон?
Најпознатиот тениски турнир има традиција од 142 години, а пехарот се доделува десет години помалку.
„Шампионат на светот во сингл во OI Ingland Lon тенискиот клуб“ е натпис кој поракј името на шанпионот го краси трофејот кој е висок 46 сантиметри и широк 19 сантиментри и кој секоја година се доделува на освојувачот на Вимблдон.
Иако многу следбеници на овој турнир знаат за еден од неговите симболи и јагодката со шлаг, но скоро никој не знае од каде има ананас на врвот на овој пехар.
Сега од музејот посветен на овој турнир за британските медиуми објаснија зошто баш ова овошје го има на пехарот.
„Во 17 век ананасот не можел да се одгледува во Обединетото Кралство и кога некој на гозда ќе ве послужи со ананас, тоа било показател на голема и ретка чест“ - пишува Експрес.
Па така ананасот опстојува полни 132 години на врвот како симбол на чест и слава. Оваа година за него се борат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, Новак за петтиот, а Федерер за деветиот „ананас“ во својот плакар со награди.