Тајната зад фустаните на Дизни принцезите: Не е случајност што постојат два модели - еве која е разликата

Тајната зад фустаните на Дизни принцезите: Не е случајност што постојат два модели - еве која е разликата

Објавена во: Мода // Moj стил

Како ова досега го немавме сфатено?

Никогаш нема да бидеме превозрасни за да ги сакаме принцезите на Дизни. Ги сакавме како мали, а ги сакаме и денес. Секогаш се чувствуваме како да сме живееле во лага цело детство кога ќе дознаеме нешто ново за Дизни цртаните. 

Не би помислиле дека цртаните на Дизни имаат толку мнгоу скриени работи, но одвреме - навреме учиме нешто сосема ново што целосно не шокира и изненадува. Наседе во цртаните има пораки и тајни знакови што децата никако не можат да ги поврзат, нокога ќе ги изгледаме како повозрасни, разбираме многу повеќе. 

Сега се појави теорија дека има тајна порака и во вечерните фустани на Дизни принцезите, а ретко кој самостојно го забележал тоа. Икао е прилично очигледно. Но, на кој би му паднало на памет? По таа теорија Дизни направи поделба меѓу принцезите: оние кои се родени како принцези и оние кои се омажиле и така станале принцези, пишува Seventeen. Немаат иста облека на баловите. Разликата е во ракавите.

Никогаш не би помисле дека тоа е толку важно и ни изгледало како дел од комбинацијата, но изгледа дека сепак не е само моден избор. Оние принцези кои се родени како принвези не носат ракавици, а оние кои не се, со вечерните фустани на рацете имаат долги ракавици. Исклучок се Покахонтас, Мулан и Јасмин, бидејќи тие се од друг временски период, кога не се одело на балови.

Од Дизни никогаш н еоткрија дали е ова само случајност или не, но некако изгледа дека е преголема случајност за да биде само случајност. Така принцезите како Аурора, Ариел или Снежана, не носат ракавици, а Бел, Тиана и Пепелешка имаат. 

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: