Тајни од филмските сетови: Ѕирнете зад камерите и дознајте кои трикови ги користат актерите за време на снимањето на некои сцени

Тајни од филмските сетови: Ѕирнете зад камерите и дознајте кои трикови ги користат актерите за време на снимањето на некои сцени

Објавена во: Stars // Филм

Еве како настануваат одредени сцени...

Некои филмови ги гледаме по неколку пати и секој пат се прашуваме како сценаристите, режисерите и продунцетите, заедно со актерите успеале да снимат некои сцени.

Многу работи кои се реални филмовите, всушност не се, туку се трикови кои екипата на сетот ги користи за да ги направи сцените пореални, и секако да ѝ даде на публиката чувство дека тоа навистина се случува.

Но, ајде да погледнеме зад сцената и да дознаеме кои се тајните на филмските продукции кога се најубедливите и највпечатливите кадри во прашање.

# Во сцените со трпези, актерите имаат канти во кои ја плукаат храната

Можеби мислите дека нема ништо лошо во тоа ако некој мора да изглуми сцена со семеен ручен или романтична вечера. Но, морате да имате на ум дека тие сцени се повторуваат неколку пати, па за актерите да не се прејадат, може да користат канти во кои ја плукаат храната. Ова е особено корисни, на пример, за актерите кои се вегетаријанци и треба да снимаат сцени во кои уживаат во сочни парчиња од месо.

via GIPHY

# Актерите во позадина само се преправаат дека разговараат

Се сеќавате ли, на пример, на омиленото кафуле во кое седеа ликовите од серијата „Пријатели“ и како тоа кафуле секогаш беше преполно и исполнето со бучава од гостите. Па, на снимањето не е така. Актерите и статистите во позадина не зборуваат, тие само ги кажуваат тивко зборовите или се преправаат дека зборуваат. Бучавата е само звучен ефект додаден во постпродукцијата.

via GIPHY

# Како ги тераат бебињата на сетот да се заплачат во вистинскиот момент?

Лесно е со возрасните, но како да им објасните на бебињата стари неколку месеци дека треба да плачат? А за тоа, на сетот има специјални вработени, нешто како „суфлери за бебиња“, кои се нарекуваат „baby wranglers“. Тие поминуваат време со бебињата кои ќе се појават на сетот и знааат да ги контролираат детските емоции и реакции. Овие луѓе треба само да почнат да плачат, а бебињата веднаш по нив го прават тоа. Едноставно го тераат бебето да плаче по наредба.

via GIPHY

# Испотени сцени

Како филмските ѕвезди изгледаат толку привлечно додека се испотени, додека поголемиот дел од нас изгледаат лошо, надуено и со црвенило на лицето? Вистината е дека потта која ја гледаме во сцените не е реална. Шминкерите на сетот, мешаат вода и вазелин и им ја нанесуваат на кожата на актерите за таа да изгледа сјајна и влажна.

# Голи сцени

Често сте помислиле дека на актерите мора да им е многу непријатно додека се снимаат „голите сцени“, а зад камерите може да има многу луѓе кои учествуваат во подготовката на сетот. Но, факт е дека не мора да бидат 100% голи, туку дека носат т.н. гола долна облека, која е во боја на нивната кожа или пак користат специјални фластери и налепници за да ги покријат интимните делови од телото.

via GIPHY

# Сцени со повраќање

Техницарите за специјални ефекти прикачуваат цевка на страната на лицето која не се гледа во камерата. Кога актерот ќе почне да ги прави сите гримаси и грчеви кои ги прават луѓето кои повраќаат, техничарите само ја истиснуваат содржината која убедливо потсетува на содржина од желудникот.

via GIPHY

# Звуци

Добро, јасно ни е дека многу од звуците не се реални, но дали некогаш сте се запрашале како настанале? На пример се сеќавате ли на сцената во „Psyho“ и на прободувањето со нож? Епа тој звук, мајсторите за тон и звук го добиле со прободување на лубеница. Сигурно се сеќавате на акционите филмови, и колку ударите звучат убедливо. Тој звук најчесто доаѓа од техничари кои удирале парче сурово месо и го снимиле тој звук.


# Крвави сцени

За ваквите сцени се користат протетски екстремитети, заедно со многу шминка и лажна крв. Во комбинација со добра глума и монтажа, сцените може да испаднат многу реални и вознемирувачки. Ако зборуваме за сцените со пукање и прскање крв наоколу, филмаџиите користат специјални кеси кои се прикачени на клучен дел од телото и кои се активираат во клучниот момент.

via GIPHY

# Изработка на минијатурни модели

Дури и во време на извонредна технологија, филмаџиите сè уште користат минијатурни модели. Како пример ќе го наведеме „Титаник“, иако поминаа 25 години од неговото снимање. Сепак, режисерот Џејмс Камерон користел минијатурен модел на брод за снимањето на филмот. Салонот од првата класа е исто така само минијатурен сет. Сето ова се прави и со цел да се заштеди на трошоците за снимање.

via GIPHY

# Специјални ефекти

Во денешно време речиси секогаш се користат во филмската продукција, за создавање пејсажи или ликови кои не постојат. На пример, во „Господарот на прстените“, ликот на Голум беше дигитално создаден врз основа на изведбата на актерот Енди Серкис. Енди носел специјален костим за снимање на движење со различни сензори прикачени на него. Камерите потоа биле насочени кон овие сензори, создавајќи 3Д слика од движењата на Серкис.

via GIPHY

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: