Тајниот бизнис на Џенифер Гарнер: Идеја од која убаво заработувала во студентските денови, а многу луѓе ја користат и денес

Тајниот бизнис на Џенифер Гарнер: Идеја од која убаво заработувала во студентските денови, а многу луѓе ја користат и денес

Џенифер Гарнер откри на кој начин заработувала пари за време на студентските денови...

Американската актерка и поранешна сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, во неодамнешното интервју со Дејвид Летерман се присети на своите денови од младоста и првите заработени пари за време на студирањето.

Џенифер била стипендист на Универзитетот Денисон во Охајо, а откако дипломирала во 1996 година, продолжила да настапува во Њујорк, а потоа се преселила во Лос Анџелес, со цел својата кариера да ја продолжи на телевизија.

Израснала на фармата на своите родители, а додека студирала, пронашла начин како да заработи дополнителен џепарлак, а во тоа ѝ помогнала нејзина блиска другарка.

Џенифер во емисијата „Late Show“ ја откри тајната на својот таен бизнис кога продавала ластичиња за коса за 3 долари по парче со цимерката од факултет.

Како што раскажува никој не знаел дека заработувала на овој начин, дека немала секогаш пари, но дека би можело убаво да се заработи.

„Мојата цимерка и јас бевме театарски „бубалици“, го имавме клучот од театарот, тајно се прикрадувавме во зградата и правевме ластичиња. Одевме доцна во ноќта, ги користевме нивните машини за шиење и ластици, за да направиме ластичиња.“

Како што опиша Џенифер, таа и нејзината цимерка максимално се посветиле на правењето ластичиња за коса и уживале во тоа. Оделе во продавници со ткаенини и ги бирале само најубавите бои, а актерката откри и на кој начин ја вршеле продажбата.

„Одевме од врата до врата во студентските домови и велевни: Еден за три, два за пет. Убаво заработувавме“ - зборуваше Џенифер истакнувајќи дека девојките ги обожувале нивните ластичиња и дека некои сè уште ги чуваат.

„Сè уште налетувам на луѓе, ти се колнам, кои велат: „О, Боже! Ги имам твоите ластичиња“. Толку заработувавме тогаш. Направивме стотина“ - истакна актерката, која признава дека иако сите околу дека биле воодушевени од она што го правеле, таа не мислела дека е добра во тоа.

Покрај оваа работа, Гарнер за време на студентските денови предавала и балет на деца.


Можеби ќе ве интересира: