Тајно жарче: Лејди Гага и Бредли Купер се во тајна врска?

Тајно жарче: Лејди Гага и Бредли Купер се во тајна врска?

Објавена во: Музика, Филм

Во една просторија може да има 100 луѓе, а Лејди Гага ќе зборува само за Бредли Купер. Сето ова има смисла со оглед на тоа дека на промоцијата на филмот „A star is born“, фановите нивниот пријателски однос до довеле до знак прашалник – пишуваCosmopolitan.

По филмот „A star is born“ фановите премногу сакаат екранската љубов на Лејди Гага и Бредли да стане реалност. Многу луѓе се прашуваат дали постои нешто помеѓу нив.

Пред се, одговорот на „постои ли нешто повеќе помеѓу нив?“ е дека не постои. Но, еве зошто би можело да се помисли дека тука има нешто повеќе од пријателство.

Пред малите екрани, а и далеку од нив, хемијата помеѓу нив е толку напната што може да се „сече со нож“. Многумина ги збуни настапот на Гага во Лас Вегас, кога на изненадување на сите го повика Бредли на сцената за заедно да ја отпеат својата песна „Shallow“.


Овој настап никој не остави рамнодушен, а фановите се уверени дека погледите кои си ги упатувале не се само пријателски.

На сето ова се додава и прекинувањето на веридбата на Гага и Кристиан Карино. Иако ништо не е потврдено, сепак постојат уверливи докази, како фактот дека Гага на доделувањето на музичките награди Grammy, се појави без вереничкиот прстен.

Исто така интересно е и тоа што Гага повеќе не го следи Кристиан на Инстаграм, но и тоа не е доволен доказ, бидејќи не се знае дали таа некогаш го следела.

На сево ова негативно влијание има врската на Бредли со Ирина Шејк. Тие се заедно од 2015 година и имаат дете и не изгледа дека ќе се разведат набрзо. И да, како за крај Гага има изјавено дека никогаш не би се гледала со Бредли, а тоа беше за време на снимањето на филмот во 2016 година.

Што мислите вие, има ли нешто повеќе од пријателство помеѓу Гага и Купер?


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: