Тајзи: Како тинејџер бев заљубен во кошарката
Оваа недела на тинејџерските години се потсетува Драган Величковски - Тајзи.
Од почетокот на својата кариера овој кумановец е оригинален и препознатлив по својот стил, последниов период тој е актуелен со песната „Пабло“ за која сними и интересен видео запис.
Тајзи открива дека како тинејџер најголема љубов му биле кошарката и музиката.
„Бев заљубен во кошарката, играв и професионално за клубови, но и за младинската репрезентација на Македонија. Секако и музиката беше составен дел од тој период. Тоа е најубавиот период од мојот живот“, во неколку наврати откри тој.
Тој има интересна приказна и од своето детство и тоа околу необичниот прекар.
„Годината кога сум роден бил актуелен боксерот Мајк Тајсон. Како бебе сум бил црн и буцкаст, па почнале да ме викаат така. Подоцна тоа некако се смени во Тајзи. На почетокот многу се смеев и луѓето ме викаа Тејзи, Тизи и Тузе“, открива тој.