Така спонтано јас и таа: Антониа Гиговска и Тамара Тодевска го испеаја евергринот на Маријана и Росана
Пред неколку месеци, Тамара Тодевска имаше настап за паметење во еден од скопските локали. Видеата кои се појавија на социјалните мрежи беа одличен доказ за тоа како пејачката ги забавуваше скопјани, а на сцената имаше и друштво.
Имено, во текот на вечерта Тамара ја повика младата пејачка Антониа Гиговска на сцена и заедно го испеаја еден од најпознатите евергрини „Признавам“, кој во оригинал го изведуваат сестрите Маријана и Росана.
Видеото од нивната изведба го сподели и Антониа на нејзиниот Инстаграм профил, а бројот на лајковите и позитивните коментари се уште една потврда за тоа колку публиката ги сака.
„И.. ете така спонтано и јас и Тамара Тодевска. Она си изгрме како и секогаш, јас и правев друштво на една од нај нај легендарните песни на нашите драги Маријана и Росана. Секогаш ме поддржувала и од самиот старт верувала во мене. Те сакам Сестра, така си се викаме *блескаш*“ - напиша Антониа во описот на видеото.