Талентот на Матеја е посилен од аутизмот: Чудесната приказна за момчето од Крагуевац кое го одржа и првиот солистички концерт
Сè што би сакал да каже, Матеја го претвора во ноти...
Матеја Радовановиќ од Крагуевац, неверојатното момче кое има дијагностициран аутизам, успешно го завршил Музичкото училиште во „Д-р Милоје Милојевиќ“, насока клавир. Сега дури се бори да се запише на факултет. Поттик му се наградите од натпреварувањата, настапите на концертите, а неодамна го одржа и својот прв солистички концерт.
Сè што би сакал да каже, Матеја го претвора во ноти. Клавирот го засакал уште во основно училиште кога бегал од часовите за да свири и тоа биле токму оние песни кои родителите му ги пееле. Така бил и откриен неговиот талент.
„Животот на Матеја е музика. Единственото нешто што го обработува во животот е преку музиката. Тоа е негова голема радост, голема среќа и вистински ја доживува повеќе од сите други впечатоци во животот“ - раскажа за српските медиуми неговата мајка, Мирјана Радовановиќ.
Следувале години труд. Дека ништо не било залудно покажало и тоа што 19-годишниот Матеја завршил средно музичко училиште.
„Колку и да ни беше ментално, психички и физички тешко сите овие години да го придружуваме и да му овозможиме олеснување, односно да му го олесниме тој пат. Низ тоа и преку неговата занимавање со музиката, едноставно станавме подобри луѓе“ - истакнува неговиот татко, Милан Радовановиќ.
Покрај него, клавирот го засакала и неговата 7-годишна сестра.
„Денес свирам некои мали композиции, од некои долги до некои кратки. Секогаш со задоволство ми се дридружува во свирењето кога тоа е потребно и кога тоа го сака“ - изјави сестрата на Матеја, Мила.
Со свирењето ги воодушевил и луѓето од опкружувањето на својот прв солистички концерт.
„Да го слушате, тоа е една посебна емоција која постојано ви поттикнува солзи на очите. Матеја е навистина прекрасен“ - изјави пак сосетка на Матеја, Роксанда Алексиќ.
„Учителот е среќен кога неговите ученици го надминуваат, а Маки го направи тоа повеќе пати“ - се надоврза неговата професорка, Светлана Андријаниќ.
За и понатаму да го развива својот талент, неопходно е да го продолжи школувањето. Сега се бори за упис на факултет.
„Тоа е негова голема желба и тоа би значело дека е прифатен во општеството и дека има ќе има некоја социјална приказна и дека нема да биде повлечен“ - истканува мајката на Матеја.
Желбата на семејството на Матеја е да ги поттикнат другите родители кои имаат деца со слични проблем да го пронајдат нивниот талент.
фото: Принтскрин / Инстаграм