Тамара ја освои Европа: Емотивниот настап е клуч за финале?

Тамара ја освои Европа: Емотивниот настап е клуч за финале?

Објавена во: Stars // Музика

Вечерва се одржува втората полуфинална вечер на 64 - тото издание на најголемото музичко случување Евровизија. Наша овогодинешна претставничка е поп пејачката Тамара Тодевска. Таа на публиката и ја претстави „Proud“.

На сцената се појави во смарагдно зелениот фустан, кој е креација на дизајнерот Александар Ношпал. Александра Јанева, Антониа Гиговска и Васил Гарванлиев ја придружуваа Тамара на сцената.

Настапот преполн со емоции и силна порака, изобилуваше со неверојатни светлосни ефекти, а во позадина се вртеа фотографии кои беа изработени специјално за оваа прилика. Тамара со солзи во очи го заврши овој настап, а на крајот се заблагодари и на македонски и се обрати на публиката со „Ве сакам“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: