Тамара Тодевска најавува бум: Момците од Два Бона ќе ѝ помогнат во реализацијата
Поп пејачката Тамара Тодевска беше гостинка во емисијата „Carpool karaoke“, која Стефан Лазаров еднаш неделно ја објавува на својот Јутјуб профил. Откако Лина Пејовска, Таско и Тони Зен му беа совозачи, дојде редот и на Тамара.
Откако испеа неколку песни и одговори на прашањата поврзани со нејзините киксови, пејачка откри во која насока ќе се движи нејзината музичка кариера. Имено, таа е решена да го менува стилот, а за тоа ќе и помогнат момците од Два Бона.
По ова признание сега сме сигурни дека наскоро ќе може да очекува нов дует на македонската музичка сцена, кој не се ни сомневаме дека ќе направи бум.
Во видеото во продолжение погледнете го целото гостување на пејачката, има уште многу интересни работи кои ако ништо повеќе, ќе ве насмеат.