Тамара Тодевска: Темпераментна, бунтовна, но и многу талентирана
Оваа недела ви откриваме дел од тинејџерските години на Тамара Тодевска.
Како што изјави во една прилика нејзината сестра Тијана познатата пејачка уште од мали нозе била темпераментна, бунтовна, но и многу талентирана.
Тамара во 1997 г. на настапот на "Скопскиот фестивал"Во 1991 г. за прв пат на само шест години Тамара настапува на „Mакфест“, заедно Маријана и Росана. По неколку години, во 1997 г. заедно со нејзината сестра Тијана го земаат второто место на "Скопскиот фестивал" со песната "Луда игра".
Тамара со нејзиниот татко, поранешниот професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност, Велко Тодевски.