Танчарка која ги „руши“ сите стереотипи: Многумина се обидоа да ја посрамат, но таа ги остави без зборови

Танчарка која ги „руши“ сите стереотипи: Многумина се обидоа да ја посрамат, но таа ги остави без зборови

Објавена во: Совети // Другарство

Лизи Хауел е неверојатно талентирана млада танчерка и сега им докажува на своите „критичари“ дека грешат со секој нејзин танцов потег што ќе го прави. Беше малтретирана поради нејзината тежина и многу пати сакаше да се откаже, но...

Откако беше објавена снимката од нејзиниот танц, многумина се обидоа да ја посрамат, но во исто време таа сфати дека многумина продолжија да ја бодрат бидејќи со својот танц сруши многу стереотипи.

Неколку месеци откако стана интернет ѕвезда, танчерката проговори. Таа е свесна за своите вишок на килограми, но во исто време има вистински талент. Нејзината приказна дури беше избрана и за тема на шоуто „Танчери меѓу нас“.

Мајката на Лизи починала кога Лизи имала само пет години, тоа е и основната причина поради која се здебелила. Таа се преселила кај нејзината тетка Линда Грабовски и почнала да танцува. Поради нејзината дебелина, таа често била исмејувана од нејзините врсници.

„Танцот е место каде што може да ги изрази своите чувства, добри и лоши“, рече Линда, „Таа победи. Многу пати сакаше да се откаже“.

Сега Лизи ја разбира важноста да се бори за својата страст и колку е важно да не дозволи другите да го одредат патот на нејзиниот живот. Таа стана инспирација за многумина кои можеби не одговараат на типичниот „калап“ за одредена професија.

„Мислам дека социјалните мрежи често прикажуваат многу убава слика која е далеку од реалноста. Мислев дека познатите луѓе живеат многу среќен живот“, рече Лизи и додаде:

 „Мислам дека помага кога ќе сфатиме дека луѓето кои се кријат зад сцената и те злоставуваат никогаш нема да ти кажат ништо во лице. Ако некој ви каже да престанете да правите нешто што го сакате, не престанувајте. Тоа е мислење на една личност, и ако таа личност не може да види колку сте среќни во она што го правите, тогаш неговото мислење не е важно. Само ти си важен“.


Фото:screenshot

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: