Татко е мета на критики: Верува дека сите мајки гледаат во него кога ќе дојде да ги земе децата од училиште (ВИДЕО)
Неговото видео го имаат погледнато повеќе од 2,4 милиони луѓе...
Роб е ТикТокер кој на оваа социјална мрежа има повеќе од 114.000 следбеници, а неодамна се најде во многу незгодна ситуација поради едно видео. Имено, Роб е татко на две дечиња, а неодамна објави видео во кое тврди дека „сите мајки го гледаат кога ќе оди во училиште да ги земе децата“.
Инаку, Роб самиот на себе си го дал прекарок „warfordd“, алудирајќи на тоа дека е посакуван, згоден и убав.
Видеото во кое се фали дека сите мајки го гледаат кога ќе оди да ги земе децата од училиште има повеќе од 2,4 милиони прегледи, има илјадници негативни коментари.
@warfordd Some of you mummas be thirsty #foruou #fyp Kute & Neat - Sasique
„Те гледам во училишниот двор и тврдам дека не предизвикуваш никакво воодушевување кај жените. Дечко, ти си мизерен и живееш во некој филм“, „Вистина, посакуваме. Шолја чај, мир и тишина, но не и тебе. И верувај ми, не важен си и никој не те гледа“ - се само дел од коментарите.
Иако доби премногу негативни коментари, овој татко не се огласи по тој повод, туку продолжи да објавува видеа во кои истакнува дека е посакуван помеѓу жените.
фото: Принтскрин / ТикТок