Татко генијалец: Секој пат Новак нѐ воодушевува во улогата на родител-неговите моменти со Тара и Стефан се полни љубов
Трофеите кои ги освојува Новак Ѓоковиќ се големи и историски. Но, секој негов трофеј станува уште позначаен кога победата ќе ја прослави со своите деца, ќерката Тара и синот Стефан кои исто така славеа со него вчера освојувајќи го завршниот Мастерс во Торино. Ваквите посебни моменти продолжија кога Ноле покажа дека е татко за медал.
Новак Ѓоковиќ вчера го победи Јаник Синер, Стефан и Тара Ѓоковиќ беа на трибините, а победата немаше да биде победа доколку славниот тато не ја прославеше со најмалите. Нивните заеднички слики и снимки од тие моменти беа коментирани, како и самата титула.
Beautiful Moments @DjokerNole #NittoATPFinals pic.twitter.com/AW215bPclq
— Tennis TV (@TennisTV) November 19, 2023
Тара и Стефан од мали нозе се сведоци на историските достигнувања на нивниот татко и на тој начин создаваат прекрасни спомени. Тоа секако им помага подобро да ја разберат неговата професија и колку е извонреден во она што го работи.
Кога пред неколку месеци триумфираше на УС Опен, истрча да ја прегрне ќерката Тара, а подоцна изјави дека нејзината поддршка многу му значела и му давала сила за време на натпреварот. Шампионот не можеше да ги сокрие солзите, а солзите се повеќе од во ред и уште еден показател дека асовите се вистински емотивци.