Татко ми доби ново семејство, мајка нов сопруг, а јас останав сам: Исповедта на дете на разведени родители ќе ве скрши

Татко ми доби ново семејство, мајка нов сопруг, а јас останав сам: Исповедта на дете на разведени родители ќе ве скрши

Објавена во: Живот // Живот

Татко ми доби ново семејство. Мајка ми доби нов сопруг. Јас не добив ново семејство, ниту нов татко. Во сето тоа јас останав сам...

Денес сум добро. Но, повеќе дена не сум добро, отколку што сум. Приказната започнува неколку месеци пред конечниот развод на моите родители, кога дома стана неиздржливо. Подоцна ме прашуваа дали имало насилство во семејството. Не знам да одговорам на тоа. Никој никого не нападна со нож, но тоа беше прашање. Но, со нож можеше да се сече напнатоста во воздухот. Беше полесно кога се караа, отколку кога молчеа.

„Што ти е?“ - понекогаш ме прашуваше учителката. „Ништо“ - ќе ѝ одговорев, бидејќи не знаев што е точно, ниту како тоа да му го раскажам на некој. Имав само девет години. Со мајка ми пред тоа сакав да играм карти, дури и да одам на кафе со неа и нејзините пријателки. Една од нив имаше син, малку постар од мене, кој ми беше пример. Со татко ми сакав да одам на натпревари. Првпат ме однесе кога бев многу мал и денес очите ми се полнат со солзи кога ќе се сетам на тоа. Сите заедно одевме на пикници за викендите. Некогаш сакав да останат дома и да гледам цртани, но ме извлекуваа од кревет, секој за една нога со насмевка. Тие спомени ми изгледаат како да припаѓаат на некој друг живот.

Татко ми еден ден се иссели. Не ме поздрави, само замина. Мајка ми со денови плачеше и зборуваше дека така е подобро. Зборуваше дека не оставил поради некоја лесна жена. На тоа се сеќавам, бидејќи не знаев што значи тоа. Поминаа три месеци додека повторно не го сретнав. Го мразев. Го мразев бидејќи замина, бидејќи не ме однесе на два натпревари кои беа во меѓувреме, бидејќи нѐ остави, бидејќи никој повеќе не ме влечеше од кревет и бидејќи останав многу сам. Него го немаше физички, а мајка ми како да ја немаше. Единственото за што ѝ се зборуваше беше тоа дека татко ми ја изневерил. Мајка ми тврдеше дека татко ми не прашува за мене, дека сега има ново семејство. Татко ми потоа тврдеше дека постојано се обидувал да ме види и слушне, но дека мајка ми му се заканувала дека негови деловни документи кои се казниви би можела да ѝ ги испрати на полицијата, доколку ни се приближи. Тоа го дознав многу подоцна. Не знам што е вистина. Но, не е ни важно, како што очигледно не бев ни јас.

Мајка по неколку месеци ме праша дали сакам да го видам татко ми за роденден. Бесно кажав: „Не“. На мајка ми ѝ олесна. „Добро“ - кажа - „Се сомневам дека и тој сака да те види сега кога другата носи негово дете“. „Ново дете“ - ми оѕвонуваше во ушите. Ако дотогаш имаше еден дел од мене кој не се чувствуваше предаден од татко ми, тогаш исчезна. Мајка ми кажа да го кажам само тоа кога ќе ме прашаат во Центарот, дека имам право да кажам што сакам и дека никој не може да ме натера на спротивното. Не беше во право.

Ме натераа да го видам татко ми. Се борив против тоа со сите сили. Кога го здогледав, чувствував омраза и бес. Викав на него, нешто околу другата и новото дете, не можам ни да се сетам точно. Средбата беше прекината, но повторно морав со мајка ми да одам кај психолог. Мајка ми вечерта ме праша дали се сеќавам како татко ми ме тепал. Молчев. Не се сеќавав дека татко ми ме тепал, но се сеќавам на приакзната дека како мал сум знаел да добијам „по задникот“ од двајцата. Се ќавам дека татко ми еднаш ми удри шамар во прво одделение кога побегнав од училиште и дојдов дома неколку часа подоцна. Климнав со главата и чекав мајка ми да продолжи. Ми ја опиша ситуацијата со шлаканицата и додаде уште неколку. Не се сеќавав, но ми изгледаше дека би можело да биде вистина.

Не ми кажа да го раскажам тоа следното утро, но кога психологот ме праша за татко ми, го раскажав. За татко ми зборував сѐ најлошо. Не ги споменував натпреварите, ниту како ме извлекуваа од кревет за излетите. Тие места во себе со години не ги посетив. Тогаш ме прашаа за мајка ми. Раскажав само убави спомени и не лажев. Само што многумина од нив беа далеку зад нас. Мајка ми повеќе не беше иста, а јас грчевото во себе се држев до тоа дека е. Се сеќавам и на бесот кон тој психолог кој ме испрашуваше што не ми се допаѓа кај мајка ми. Тој како да беше против мојата мајка, така ми изгледаше. Конечно, кажав дека не ми се допаѓа тоа што е тажна поради татко ми. Мајка ми тој ден беше особено добро расположена. Јадевме сладолед на плоштадот и ги храневме гулабите со корнет. Ме прашуваме дали ми недостасува татко ми, а јас одлучно кажав не. Се насмеа и лижна од мојот сладолед, како да си играме. Бев среќен.

Потоа следуваше седумгодишна постапка на судови, посета на разни социјални работници, психолози, не знам каде сѐ не бев. Во периоди го гледав татко ми, во периоди не. Тој не се откажуваше, но не се ни бореше многу. Се сеќавам дека ми дојде на крштевката пред црква и јас му реков дека не го сакам таму. Тој само замина. На Фејсбук видов дека му се родил син. Него го носеше на натпревари. Понекогаш ме викаше и мене, но лесно прифаќаше кога ќе му кажев не. Престанав да следам фудбал, сето тоа ми беше глупаво и здодевно. Мајка ми со години беше лута на него и ѝ беше невозможно да продолжи понатаму. Барем еднаш неделно го озборувавме. Кога ќе се скаравме, секогаш лесно се зближувавме преку тоа. Не знам повеќе ни кога завршија судовите, но знам дека никогаш не воспоставив нормален однос со татко ми.

Мајка ми се премажи кога бев трета година средно. Процвета. Сѐ помалку зборуваше за тато. Еднаш ми предложи да одам кај него за викенд, туку така од чиста мира. Помислив дека само сака да ме отргне поради новиот партнер, дека и таа ме напушта, ме издава мене и нашата кула, очигледно од карти, омразата кон татко ми која нѐ поврза. Тогаш пукнав. Во повеќе наврати бев хоспитализиран на психијатрија. Правев работи со кои не се гордеам и не би влегувал во детали. Не се грижев. Немав што да изгубам. Четири години од животот се самоуништував. Мојот татко од сето тоа се уплаши и уште повеќе се повлече. Технички одржуваше некој контакт, но всушност беше многу слаб. Мајка ми повторно беше скршена, бидејќи како можев да ѝ го правам тоа сега кога е конечно среќна. Се спасив дури кога се одделив. Од нив двајца. Од себе не можев. Татко ми доби ново семејство. Мајка ми доби нов сопруг. Јас не добив ново семејство, ниту нов татко. Во сето тоа останав сам.

Сега, години подоцна, со двајцата родители имам океј однос. Не сме блиски. Ниту еден од нив не се труди да бидеме, барем не вистински. Толку многу работи се неизговорени што ножот повторно ја сече напнатоста во воздухот. Низ психотерапијата ги расплетувам тие нити колку што можам. Двајцата ги сакам, бидејќи се мои родители. Кон татко ми чувствувам и вина поради сѐ што мислев, чувствував и зборував кон него и за него. Чувствувам и разочарување бидејќи тој се повлече, бидејќи не се бореше посилно. Не бев вреден. Кон мајка ми чувствувам и сожалување, бидејќи верувам дека е многу незрела личност. Чувствувам и лутина поради штетата која ми ја нанесе, иако можеби не сакала. Ниту на неа не ѝ бев вреден јас како јас, туку она што можев да го направам за неа. За „експертите“ кои сето тоа со години го пуштаа немам што да кажам.

Еден ден сакам да го повлечам својот син за нозе од креветот и да го носам на излети, на натпреварите кои уште ги следам, да ги хранам со него гулабите и да јадам сладолед, бидејќи денот е убав и сончев, а не бидејќи кажал на Центар нешто што не сум очекувал. Во изборот на неговата мајка најважно од сѐ ќе ми биде дали е таа личноста која, доколку дојде тоа, ќе знае да се раздели и притоа да не го уништи животот на детето.

автор: Миа Роје Џапиќ, магистер по психологија-деца.хр

фото: Shutterstock

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: