Татко му го напуштил на една година, имал тешко детство, а потоа станал светски познат: Го препознавате ли пејачот од фотографијата?
Едно време многумина во своите соби имаа постери од него, беше најпопуларен во светот...
Кога имал една година, неговиот татко го напуштил семејството. Од петта година живел со мајка му по приколки и постојано се селеле од град во град.
За време на школувањето, во четврта година, бил сериозно претепан и 12 доктори се бореле за неговиот живот. Потоа бил исфрлен од училиште и мајка му го приморала да работи било што, за да може да преживеат.
Меѓутоа, никој не обрнувал внимание на него и не можел да се вработи. Немал пари за живот, облека му подарувале пријателите. Кога имал 19 години, неговиот најдобар пријател, а воедно и вујко, се убил со пушка, така што тоа уште повеќе го уништило.
На 20 години почнал да учи за рап музиката, а на 24 години го издал својот прв албум кој поминал неуспешно.
На 26 години, мајка му го избркала од дома, паднал во тешка депресија, бил на лекарства и се борел за живот. Истата година го објавува албумот кој го забележал познатиот рапер Др Дре и тогаш станува популарен ширум светот, најпродавам рап уметник и издава многу албуми.
Како што сигурно претпоставувавте, момчето од фотографијата е Еминем.