Татко му почина во затвор, а таа му беше најголема поддршка: Ова е мајката на Милан Станковиќ

Татко му почина во затвор, а таа му беше најголема поддршка: Ова е мајката на Милан Станковиќ

Објавена во: Stars // Музика

Јавноста уште повеќе ја заинтригира животот на Милан Станковиќ откако тој реши да го напушти шоуто и да најде утеха, мир и сигурност во манастир. Во периодот за време и веднаш по пандемијата на коронавирус, Милан се бореше за здравјето на својата мајка, за која е исклучително приврзан. Токму таа е и најголемата мотивација тој да го засака Бог уште повеќе и да се посвети на христијанството.

Милан, кој своевремено важеше за eден од најпопуларните млади пејачи во регионот, e пораснат со својата мајка и сестра во Обреновац, градот каде што таа живее и денес. Живееле скромно, а мајка му се трудела на синот да му обезбеди се што му треба.

Таткото и мајката на Милан се развеле кога пејачот имал само една година, а Милена потоа се премажила и ја родила ќерката Настасија, со која Станковиќ одлично се сложува.

Неговата полусестра во неколку наврати објавила фотографии со нивната мајка, на кои можеме да видиме како таа изгледа денес по неколку години не појавување во јавноста.

Со години се пишува и за семејството на Милан, а фактот дека таткото на пејачот убил колега од работа пред повеќе од 30 години, поради што е осуден на неколку години затвор, е малку познат факт.

Откако одлежал пет години затвор, тој починал под неразјаснети околности.


Фото:printscreen/instagram

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: