Татко објави фотографија од ќерката која со помагало за одење оди да му купи цигари: Пред да судите, прочитајте ја приказната

Татко објави фотографија од ќерката која со помагало за одење оди да му купи цигари: Пред да судите, прочитајте ја приказната

Објавена во: Совети // Семејство

Еден татко ја испратил својата ќерка по цигари, а потоа ја фотографирав и така на сите им ја покажа можеби најемотивната фотографија која ќе ја видите денес...

Имено, станува збор за родители чија ќерка, која боледува од церебрална парализа, за првпат, успеала сама, без ничија помош, потпирајќи се на помагало за одење да оди во продавница.

„Знам, не сум татко бидејќи ја испратив по цигари. И да, се флаам бидејќи сега веќе може“ - напиша тој на Твитер.

По описот, коментарите полни со поддршка само пристигнуваат.


„Оваа фотографија зборува за твојата гордост, за ништо друго. Браво, убава кукло. Браво, татко, што не ја штедиш, туку на овој начин ѝ даваш ветер во грб дека и таа може сѐ“ - стои во еден коментар.

„Ги прашав членовите на семејството кој ќе ми купи цигари, а таа се јави. Ние се трудиме да ја подготвиме за животот“ - додаде гордиот татко.

Некој од корисниците се пошегува прашувајќи „дали донесе и пиво“, а родителот кој во ниту еден момент не ја губи верата и напиша: „ќе даде Бог и тоа наскоро да го може“.

Како што наведе таткото, самиот ги прашал членовите на семејството кој ќе оди по цигари, а на неговата среќа немало крај кога девојчето посакало да оди.

Тој објасни дека често објавува вакви содржини на Твитер, а дека никогаш не се сретнал со осуди, како и дека девојчето било многу добро прифатено на училиште.

„На нас најголем проблем ни е тоа што во Бечеј немаме физиотерапевт кој може да се занимава со неа во Здравствениот дом. Одиме на приватно и даваме по 1.500 динари за едне час, 3 пати неделно. Јас работам дупли смени во странство за да можеме да го финансираме тоа, бидејќи поранешната сопруга не работи за да има кој да се грижи за децата додека сум на работа. За нас спас би било да постои физиотерапевт кој знае и сака да работи со неа. Од општина на неделно ниво допива половина час вежби во специјално училиште, но нема многу ефекти“ -  заклучи таткото на „Телеграф“ и се надевам дека ова ќе биде само еден во низата успеси на неговата ќерка кои ќе ги забележи со камера и ќе ги сподели со другите, за на сите со истиот проблем да им даде ветер во грб.

фото: Притнскрин / Твитер

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: