Таткото на Бритни Спирс го загуби правото над нејзините милиони

Таткото на Бритни Спирс го загуби правото над нејзините милиони

Објавена во: Живот // Живот

Таткото на Бритни Спирс го загуби правото делумно да управува со имотот на пејачката. Џејми Спирс ги контролира финансиите и нејзините лични работи, откако доживеа нервен слом во 2007 година, како дел од законскиот договор за таканаречено старателство.

Во ноември минатата година Спирс неуспешно се обиде да го отстрани нејзиниот татко од оваа улога, а на тоа сослушување судијата ја назначи приватната компанија „Бесемер Труст“ да управува со богатството на пејачката. Во тоа време, нејзиниот адвокат рече дека таа се плаши од нејзиниот татко и дека нема да се занимава со пејачка кариера сè додека тој има моќ над неа.

На рочиштето во Лос Анџелес во четвртокот, г-дин Спирс го загуби правото на имот вреден 60 милиони долари. Друго рочиште за овој случај е закажано за 17 март.

Пресудата доаѓа откако беше објавен документарецот на Њујорк Тајмс „Framing Britney Spears“, во кој се зборува за нејзината кариера и споменатиот нервен слом, но и за медиумските манипулации и уцените на нејзиниот татко.


Фото: EPA/CHRISTIAN LILIENDAHL DENMARK OUT

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: