Таткото на момчето гениј објави шокирачки статус: Добивме едно големо НИШТО од државата на денот кога Македон го освои третиот медал по математика

Таткото на момчето гениј објави шокирачки статус: Добивме едно големо НИШТО од државата на денот кога Македон го освои третиот медал по математика

Објавена во: Совети // School zone

Седумгодишниот Македон Димитровски, денес го доби третиот медал, кој го освои во натпревар по математика. Конкуренцијата од 4.000 учесници од цел свет, не беа пречка за него и да покажа колку е вест кога се математичките задачи во прашање.


Но, на истиот овој ден, Македон и неговото семејството доживеаја големо разочарување, а за тоа неговиот татко објави статус на Фејсбук, во кој објасни за што станува збор.

„Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено, пред неколку месеци, кога Македон ги освои првите златни медали по математика, бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. 

Таму бевме дочекани со сите почести, многу фотографирање, подароци, ранец и книги за Македон и најважното - многу ветувања:

- Прво дека ќе се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира;

- Беше ветено од страна на министерот дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за и тие да помогнат во процесот на едукација на Македон:

- дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца, за да може во иднина да ги едуцира овие деца;

- Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни и кои ќе финансираат неограничени средства во школувањето на Македон;

И уште многу други работи... И сега после неколку месеци, покрај многу повици од наша страна до истото тоа Министерство, конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голема фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво, туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станале незаинтересирани, а државата дека не може да инвестира во ваков тип на образование.

Со еден збор добивме едно големо ништо на денот кога Македон го доби третиот медал по математика, замислете на светско ниво. Што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата.

„Засега една големо „0““ - напиша таткото на ова момче на Фејсбук.


фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: