ТАТКОТО СО ГОЛИ РАЦЕ ГИ ЗАДАВИЛ БЛИЗНАЦИТЕ И 4-ГОДИШНОТО СИНЧЕ: Детали за грозоморното убиство во Загреб
Едно од најмонструозните убиства во историјата на Хрватска деновиве го тресе регионот. Според најновите детали, таткото кој ги уби сопствените деца, прво им дал апчиња, а потоа ги задушил на спиење. Па причината за нивната смрт се уште не се знае, дали е во прашање труење или задушување.
Трите деца, близнаци (момче и девоче) на седумгодишна возраст и син на возраст од четири години ги давел со голи раце нивниот татко во луксузниот стан во кој живееле во загребската населба Млиново, по што се обидел да се самоубие.
Сепак, како што известуваат хрватските медиуми, тој преживеал и бил однесен во болница, а телата на трите безживотни деца, од кои најмалото четиригодишно дете кое било пронајдено во спалната соба, како и близнаците во дневната соба, ги шокирале сите полициските службеници кои биле на местото на ова невидено злосторство.
Не е познато кој пријавил во полиција дека нешто се случило во станот на трикатната урбана вила со поткровје, но полицијата и брзата помош брзо пристигнале на местото на настанот. Во спалната соба, на креветот го пронашле мртвото тело на четиригодишното дете,а близнаците, момче и девојче, во дневната соба, во која се наоѓале и нивните играчки со кои си играле претходната вечер. Како што неофицијално дознава Јутарњи. хр родителите на децата се развеле и децата најверојатно викендот требало да го поминат со својот татко, кој ги задавил со свои раце, а по тој луд чин очигледно посегнал по оружје и се обидел да пресуди сам. Засега не е познато во каква состојба е таткото.
Полицијата спроведува истрага, а телата на трите деца се пренесени во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што обдукцијата ќе ја утврди причината за смртта.
Јутарњи пишува дека таткото на децата е искусен финансиски консултант кој дипломирал на Donau-Universität Krems и магистрирал бизнис администрација. Работел во некои водечки австриски лизинг компании, но и на менаџерски позиции во Роберт Бош АГ, Алкател АГ и други.
Повеќе за тоа, за кој станува збор, читајте ТУКА