Тато е твојот најголем обожавател: Кога е стилот во прашање постариот син на Панчо го следи својот татко во чекор (ФОТО)
Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК или како Диџеј Шорти Пи објави фотографија од неговиот постар син Андреја. На фотографијата 11-годишното момче е стилизирано по најнова мода и слободно можеме да кажеме дека по стилот многу потсетува на познатиот татко.
„Тато е твојот најголем обожавател, дури и кога ќе потфрлиш“ - напиша покрај фотографијата од својот син.
Освен Андреја, Панчо со сопругата Маја го има и синот Марјан. На прашањето какви деца се неговите синови и кои свои особини ги препознава кај нив, Панчо во интервју за Женски Магазин раскажа:
„Скромни и дружељубиви. Драго ми е дека се воспитани и лично јас имам некои принципи кои пробувам да ги имплементирам врз нив додека се мали. Деца како деца палави се и сè уште е рано да препознаам мои особини во нив. Среќен сум што Андреја сака спорт и во моментов тренира фудбал, а Марјан е маалска маскота што значи дека има големи шанси да тргне по моите стапки. Тоа значи тешко мене, но нека се живи и здрави. Како ќе старееме без проблеми, нели?“
фото: Принтскрин / Инстаграм