Тажна приказна со среќен крај: Марија Шерифовиќ го згрижи Мустафа кој живееше под мост, му обезбеди стан и редовен оброк
Приказната за уличниот пејач Мустафа Хрустиќ од Зеница, која ја трогна и пејачката Марија Шерифовиќ, имаше среќен крај.
Да потсетиме, Мустафа во едно видео кое стана вирално, рече дека сака да се пријави во српско музичко шоу во кое Шерифовиќ е во жирито, но нема пари да патува во Белград, ниту пак за облека за сцената. Во тоа време тој живееше во шатор под мостот во Зеница.
Откако Марија дознала дека Мустафа не може да заработи доволно од неговите пеачки ангажмани за да ја плати киријата и затоа бил принуден да го напушти станот во кој престојувал, Марија решила да помогне и ги замолила своите следбеници да и помогнат да го најде.
Денес ќе биде убав ден за еден млад човек, изјави Марија.
Српската пејачка отпатува во Зеница за да го запознае и објави видео во кое покажа како поминала нивната средба. Во видеото вели дека помислила се да остави на некој од нејзините помошници, но на крајот решила сама да оди.
-Само сакам да кажам дека го исполнив моето ветување. Денеска ќе биде убав ден за еден млад човек. Ова момче, барем на одреден период, ќе живее поубав живот, рекла таа во автомобилот додека возела кон Зеница.
Трогателна средба
Кога стигнала до местото го прегрнала Мустафа, а потоа заминале во куќата во која моментално живее момчето. Му дала облека, а потоа од него побарала нешто.
-Треба да ми ветиш дека засекогаш ќе останеш чесен-, му рекла таа, на што Мустафа одговорил - Секогаш.
Пејачката потоа на сопственикот на куќата му дала пари за кирија и сметки, кои, како што рече, биле доволни за следната година. Откако уште еднаш го прашала Мустафа дали се договориле за се, а тој одговорил потврдно, Марија на шега му рекла: Добро тогаш, не ме терајте да се враќам.
Таа му даваше оброци за следната година
Марија потоа отишла на деловен состанок, а Мустафа со својот менаџер отишол во ресторан каде пејачката му обезбедувала три оброци секој ден за следната година.
-Има илјадници и илјадници вакви примери, па добро, ако малку му го олесневме животот, макар и за таа една година... Ме разбирате, рече Марија.
Фото: screenshot/youtube