Тажната приказна на Марко: Живее во куќа стара 200 години, има тумори на главата и телото и има само една желба

Тажната приказна на Марко: Живее во куќа стара 200 години, има тумори на главата и телото и има само една желба

Објавена во: Живот // Живот

Марко Смиљковиќ, 16 години, од селото Горња Ржаница кај Александровац, по шестата година имал две операции од вкупно 5. Првпат бил опериран на само 7 месеци, а вториот пат на неполни две години. Поткожни тумори на главата и вратот, тумори на десната страна на трупот, операција на тестисите, вградување на челична шишпа во 'рбетот, операција на сколиоза, мидер, проблеми со забите, едноставно тешка здравствена слика за едно дете.

Пред шест години наставничката по српски јазик во основното училиште „Аца Алексиќ“, им задала на учениците тема „Мојот живот на село“, објавиле на својот Фејсбук профил „Независне Народне Новине Расинског Округа“.

Едно момче напишало само три реченици: „Мојот живот на село е тежок, би сакал да имам бања со бојлер за да ја грее водата за бањање. Би сакал да имам своја соба, да има место каде ќе ми дојдат другарите. Би сакал да оздравам и да не одам повеќе во болница, бидејќи подобро ми е во мојата куќа која е стара и се рони, отколку во болница.“

Марко живее со татко му, мајка му, сестра му и баба му во куќа која е стара повеќе од 200 години и која може да се сруши во секој момент. Минатата година им паднал таванот во собата во која Марко и неговата сестра Милица спиеле. За среќа паднала само средината, па децата останале неповредени. Во куќата имаат само 4 сијалици и една чешма, стар „смедеревац“ на кој се готви и грее вода за капење, стар телевизор и кревети кои се дупло постари од Марко.

Мал е бројот на убави моменти на кои Марко може да се сети од минатото, најдраго му било кога за него играле навивачите на Ѕвезда и Партизан, кога добил велоситед од Неле од Холандија, кога бил во зоолошка градина. Сега има другари од средно, кои го сакаат и му помагаат, сака да се дружи со нив, но не излегува во град.

Семејството во повеќе наврати му пишувале на Министерството за труд и социјална политика, во 2016 и 2017 година, а одговор никогаш не добило, а копиите од писмата заведени на писарницата на министерството стојат. 

Нашето општество треба да се срами од ова момче кое 16 години живее од минималната плата на татко му и од социјалната помош. Постарата сестра се вработила во Врњачка бања во угостителскиот сектор и половина од својата плата ја дава за школување, облека и храна за Марко.

Можеби некој и ќе се сети на младото момче, неговата писмена задача и недосонуван сон.

Се апелира до сите луѓе кои имаат добра волја да помогнат, бидејќи тоа е она што ова момче го заслужува.

Покрај сите неволји, Марко не ја трга насмевката од лицето, а како му е во душата си знае само самиот тој.

За тоа како може да помогнете кликнете на следниот ЛИНК

фото: Фејсбук

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: