Тажни и шокантни факти за Селена Гомез кои ги откри нејзиниот документарец: Ова се 8-те најлоши
Се борела со илјада проблеми...
Иако знаевме дека има здравствени проблеми и дека не ѝ лесно, не знаевме колку ситуацијата била навистина сериозна. Селена во документарецот отворено зборуваше за својот живот како никогаш досега.
Документарецот кој се очекуваше со нетрпение, што речиси никогаш не е случај кога се во прашање документарните филмови. Иако на многумина им изгледаат како нешто здодевно, документарецот за Селена Гомез под назив „My Mind & Me“ дефинитивно не е обичен документарец. Дури и да не ис нејзин најголем обожавател, но знаеш за неа и го следиш нејзиниот живот, ова ќе ти биде интересен филм за гледање. Мислевме дека Селена открива многу за својот живот, но на крајот излезе дека не знаеме нишот.
Таа во документарецот ги изненади сите со информации кои се малку и тажни, но и со некои мали драми. Особено се истакнаа овие 8 факти за неа, кои најдобро покажуваат колку ѕвездениот живот не е отлку прекрасен како што мислиме дека е.
# Направила цела турнеја иако не ѝ било до тоа
Во 2016 година таа ја започна „Revival“ турнејата, но доколку се прашувала, целата турнеја ќе била откажана, бидејќи воопшто не ѝ се одело. Тогаш почнала да има проблеми со анксиозноста и депресијата, а обожавателите не знаеле колку ѝ е лошо. Имала проби за турнејата, сѐ се движело, а по пробите плачела, бидејќи чувствувала преголем притисок од сите страни и не била задоволна од себе и од своите настапи.
# Се откажала од снимањето на една песна поради Џастин
Била лута кога продуцентот ѝ се јавил и ѝ кажал дека сакаат да направат песна со Џастин Бибер. Иако тогаш уште беа заедно, била лута, бидејќи имала чувство дека не е доволно добра за да ја испее сама песната, и изгледало дека секогаш ја спојувале со некој, никогаш немала големи проекти сама. Иако не откри, се претпоставува дека станува збор за песната која на крај сам ја изведе Џастин - „Let Me Love You“.
# Се чувствувала грозно, бидејќи луѓето продолжиле да зборуваат за неа и Џастин по разделбата
Во целиот документарец, ниту еднаш не го споменува Џастин со име и презиме, но на сите им е јасно дека мисли на него. Призна дека се чувствувала прегрозно, бидејќи имала чувство дека поранешниот постојано ја „следи“. Од папараците кои постојано ја прашувале за него до луѓето на социјалните мрежи кои постојано пишувале за нив. Ѝ изгледало дека никој не сака да ја остави таа врска на мир.
# Својот најголем хит „Lose You To Love Me“ го напишала за 45 минути
Тоа песна која најрзо ја напишала. Што е апсолутно неочекувано, бидејќи е многу лична и полна со искуства. Изгледаше дека е вложено многу време за да се состави, но Селена тоа го завршила со брзина на светлината. Призна дека имала чувство дека поминала низ најлошиот крај на врска на сите времиња, но дека сега знае дека тоа е најдоброто нешто што ѝ се случило.
# Била многу незадоволна со својот изглед
Кога имала 24 години, била толку незадоволна од својот изглед и мислела дека изгледа како да има 12 години. Секогаш ја облекувале во сексапилна облека, а кога се гледала во огледало, била незадоволна, бидејќи била уверена дека таа нема тело за да носи такви работи. Ѝ требало многу долго време за да почне да се чувствува добро во сопствена кожа.
# Болеста пред две години толку ѝ се влошила што сѐ ја болело
Уште во 2014 година ѝ била дијагностицирана болест лупус, а во 2020 година состојбата толку ѝ се влошила што сѐ ја болело. Трпела болки од моментот кога наутро би се разбудила и биле толку силни што плачела од нив.
# Таа и Франција Раиса повеќе не се во добри односи
Франција е пријателката која на Селена ѝ донираше бубрег, што е голема работа и нешто на што треба да ѝ биде благодарна цел живот. Иако тогаш биле очигледно многу блиски, сега повеќе не се. Нивното пријателство повеќе не постои, а Франција дури и на социјалните мрежи напиша дека требало да биде споменета во документарецот.
# Мајка ѝ дознала дека е во болница преку вестите на Интернет
Американскиот портал „TMZ“ секогаш ги има најновите информации за познатите личности, а токму преку него мајка ѝ на Селена дознала дека ќерка ѝ е во болница. Во 2018 година заминала на лекување во здравствена установа, откако имала нервен слом. Иако мајка ѝ знаела дека има проблеми, не знаеле дека ситуацијата е толку сериозна и дека е во болница.
фото: Принтскрин / Инстаграм