Те сака твојата глувчица: Анастасија Ражнатовиќ не штедеше зборови во роденденската честитка за нејзината мајка и фолк дива Цеца (ФОТО)
Цеца денес слави роденден, а Анастасија ја искористи можноста за да ѝ порача колку ја сака...
Познатата српска пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ денес полни 49 години, а по овој повод доби многу честитки кои ги сподели на својот Инстаграм профил.
Пријателите, роднините, соработниците и обожавателите ја опсипаа со најубави желби и сите ѝ посакаа многу среќа.
Од мноштвото честитки, најмногу се издвои онаа која ѝ ја испрати нејзината ќерка, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ. Имено, таа сподели неколку фотографии на својот Инстаграм профил, а покрај секоја напиша по некој збор, посветен на мајка ѝ.
„Среќен роденден на мојот најголем пример, на мојата среќа. Душата и жената која ја сакам најмногу на целиот свет“ - ја започна својата честитка Анастасија.
„Засекогаш биди вака насмеана, бидејќи ти само тоа и го заслужуваш“ - продолжи.
„Ти благодарам за сѐ“ - преку една од фотографијата дури ѝ се заблагодари.
„Те сака твојата глувчица. И знам дека сакаш да седам покрај тебе“ - вака Анастасија ја заврши честитката, коа ѝ ја упати на Цеца.
фото: Принтскрин / Инстаграм