Теа Трајковска од Анталија прашува: Што би било кога би би било?

Теа Трајковска од Анталија прашува: Што би било кога би би било?

Објавена во: Stars // Музика

По подолга пауза пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со хит во буквална смисла на зборот. „Што би било“ е името на новата песна тема на која Трајковска и нејзиниот тим работеа неколку месеци.

Автор на текстот е токму Теа, додека пак на музиката и аранжманот и овојпат се потпишува најдобриот хит-мејкер во земјава, Лазар Цветковски.

Младата пејачка не го криеше задоволството дека ова е еден од нејзините најдраги проекти кои ги сработила.

„Што би било” ми е еден од подрагите проекти затоа што и самата песна и видеото се нешто поинакво од тоа што сум го работела после албумот, што воедно ми беше и целта и мислам дека со Лазе успеавме во тоа да најдеме нова димензија во која би се движела нашата музика. Огромна благодарност и до Даниел Јовески кој се погрижи за тоа да ја доловиме емоцијата соодветно во видеото и до „Фибула травел“, со чија помош спотот го снимавме во прекрасната Анталија – вели Теа.

Како што кажа и Трајковска, за оваа нова песна таа сними и прекрасен видеоспот и тоа во преубавата Анталија, Турција. Режисер на видеото е кој друг, ако не Даниел Јовески кој ни раскажа за соработката со Теа.

Клипот со Теа го сработивме многу ефективно и брзо, морам да спомнам дека досега ова ми било најкраткото снимање. За некои четири часа снимивме се што ни беше потребно. Замислете „Што би било кога би било" снимањето подолго? (Се смее). Таа има конкретни барања и знае што сака, задоволство е да се работи со уметник како неа и се надевам дека соработката ќе продолзи и во иднина. Нашата фреквенција беше иста од самиот почеток на преговарањето за клипот, па се до самата промоција – изјави режисерот Јовески.

Теа ветува дека во иднина ќе биде многу повеќе активна на сцената, а дотогаш погледнете го премиерно новиот видеоспот за „Што би било“.

Уживајте: 


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: