Техника која ја користат и војниците: Како да заспиеш за неколку минути?
Сите имаме ноќи кога ни треба нешто вакво...
Постојат денови кога знаете дека следното утро треба да станете рано и имате 100 обврски кои треба да ги завршите, но едноставно не можете да заспиете. Ова е трик што наводно помага токму во вакви ситуации. На некој ќе му помогне, на друг не, но нема што да изгубиш ако го пробаш.
Сигурно ви оди на нерви кога ќе си легнете и знаете дека мора да заспиете што е можно поскоро затоа што вашиот аларм ќе заѕвони за многу, многу скоро, но токму тогаш, не можете да заспиете. Постои еден начин кој наводно навистина помага. Тоа е метод кој е популарен меѓу американските војници. Откриен е пред околу 40 години во книгата „Relax and Win: Championship Performance“. Бидејќи војниците немаат луксуз да спијат во удобни кревети, туку тоа често го прават на отворено, во воените бази, многу близу до воените активности и слично, им треба некој добар начин што ќе им помогне навистина да заспијат кога ќе си легнат. И тоа е оваа техника.
Се покажа дека влијае на дури 96% од луѓето, a ако сте еден од останатите 4% на кои не им делува, тогаш навистина немате среќа. Не очекувајте дека ќе успеете на почетокот. За да ја совладате оваа техника понекогаш треба најмногу 6 недели вежбање и истата има неколку чекори.
# Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи го и јазикот, вилицата и мускулите околу очите.
# Спуштете ги рамената што е можно пониско, а потоа и рацете, една по една.
# Издишете, опуштете ги градите, а по нив и нозете, почнувајќи од бутовите до стапалата.
Потоа одвојте 10 - тина секунди за да престанете да размислувате за сè и замислете едно од следниве сценарија:
# Лежите во кану на мирно езеро и гледате во ведро сино небо.
# Лежите во црна мека импровизирана лежалка, во просторија каде што е темно.
# Кажувајте си „не размислувај, не размислувај, не размислувај“ одново и одново 10 секунди.
И тоа е тоа! Ова е трикот што треба да ви помогне доколку спаѓате во оваа група од 96% од луѓето.
Извор: shutterstock