Тејлор Свифт одржа час по историја: На Твитер ја објасни расистичката историја на славните Американци
Иако пред неколку години беше незамисливо од Тејлор Свифт да слушнеме било каков вид на политички активизам, поп ѕвездата го промени својот став.
Овие денови е погласна кога е во прашање борбата против расизмот, а откако на претседателот на САД, Доналд Трамп му порача дека ќе го промени на есен, сега се крена и против расистичките споменици, кои ги има стотина во оваа земја.
Во твитовите кои ги објави, се фокусираше на расистичките личности во државата Тенеси и ги повика на менување на спомениците, а притоа откри и за какви злодена направиле тие.
Особено се насочи кон ликот и делото на Едвард Кармак, кој бил супрематист, но и убиец. Во постот пишуваше и за Нејтан Бедфорд Форест, озлогласениот трговец со робови и еден од водачите на Ку Клукс кланот, кој за време на граѓанската војна погуби неколку војници - црнци.
Replacing his statue is a waste of state funds and a waste of an opportunity to do the right thing.
— Taylor Swift (@taylorswift13) June 12, 2020
„Отстранувањето на овие споменици нема да ги поправи вековите на системско угнетување, насилство и омраза која црните луѓе ја доживуваат, но можеби ќе не доведат до тоа да сите граѓани од државата Тенеси да се чувствуваат сигурно, а не само белите“ - напиша и продолжи:
„Луѓето кои правеа страшни расистички злосторства мораме да престанеме да ги нарекуваме херои и да почнеме да ги нарекуваме злосторници. Злосторниците не заслужуваат споменици.“