Тејлор Свифт повторно е мета на провалник: Се обидел да влезе во нејзиниот стан во Њујорк
Фото насловна: Инстаграм/taylorswift
Во 2018 година, Тејлор
купи три апартмани во Њујорк
Хенк Џонсон се обидел да ја задржи вратата од зградата да се прикраде внатре. Тоа било чудно за обезбедувањето, па решиле да повикаат полиција, која набргу го уапсила провалникот.
Тејлор купи три стана во оваа зграда во 2018 година, а има и куќа покрај зградата што ја купи за неверојатни 17 милиони долари.
Пејачката потроши 47,7 милиони долари само на недвижнини во овој дел од градот, што ја стави на мета на многу провалници. Ова не е прв обид за упад во имотот на sвездата.
Во 2018 година и се случиле дури две провали. Првата се случила во нејзината резиденција во Беверли Хилс. Провалникот носел гумени ракавици и маска. Тој бил вооружен со нож, муниција и јаже.
Сепак, јавноста најмногу се сеќава на инцидентот што следеше веднаш после ова. Истата година, Роџер Алвардо се искачи по скалите до станот на Свифт во Њујорк, искрши прозорец и се прикраде внатре.
Кога влегол, тој решил да се истушира и да легне во креветот на пејачката, каде подоцна полицијата го пронашол.
Тој е обвинет за голем број дела што вклучуваат надзор, провала и кршење на „светоста на домот“. Ова беше негов втор обид за провала. За прв пат се обиде да го помине патот до зградата со помош на лопата.
Можеби ќе ве интересира:
Детаљ од Греми наградите кој никој не го забележа: Тејлор Свифт имаше мала незгода