Телефоните може да се преносители на коронавирус: Како правилно да ги дезинфицирате?

Телефоните може да се преносители на коронавирус: Како правилно да ги дезинфицирате?

Објавена во: Наука, Технологија

Коронавирусот може да живее на неживи површини како метал, стакло или пластика, до девет дена, како што е објавено во студијата од германски истражувачи.

И која е таа нежива површина изработена од метал, стакло и пластика што често ја фаќате во текот на денот, а дури и држите блиску до лицето?

Да, вашиот телефон.

Според истражувачите на германската студија, објавена во списанието „Болнички инфекции“ иако вирусно оптоварување на вирусот на неживи површини се уште не е познато во случај на зараза, пожелна е дезинфекција на површините, особено на често допираните површини.

Со други зборови, исто како што е паметна идеја да ги миете рацете често, важно е и често да ги дезинфицирате металните, стаклените и пластичните површини.

Но, дали тоа го вклучува вашиот телефон?

Да, потврдува д-р Чарлс Герба, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот во Аризона:

„Не мора да кивнете на мобилен телефон за да пренесувате организми кои предизвикуваат болести“, вели Герба. „Она што го откривме при проучувањето на движењето на вирусите на површините е дека допирате површина со вирус на неа (на пример, рачка на врата), и потоа го пренесувате со допир и на вашиот мобилен телефон“. 

Како правилно да го дезинфицирате својот телефон за да се заштитите од зарази?

Модерниот начин на дезинфицирање на телефоните е со УВ светло, но доколку немате тоа може и да го направите на малку постаромоден начин. Во видеото во продолжение е најдобро прикажано како да се заштитите од пренесување на вируси преку телефоните.


Објавена во: Наука, Технологија

Можеби ќе ве интересира: