Телохранителите му влегувале во соба за да му го проверат пулсот: Бурното минато со дрогата на Џастин Бибер
Пејачот, кој се здоби со светска популарност на само 15 години, вели дека денес утеха добива од својата сопруга Хајли Бибер...
Канадската суперѕвезда Џастин Бибер даде итнервју во кое зборуваше за својата трансформација од див тинејџер во нова личност, но и за деновите кога конзумирал дрога.
Неговото искуство за време на тој период го сподели со јавноста, објаснувајќи дека сопругата Хајли Бибер му помогнала да се избори со сѐ.
„Имам сопруга која ја обожувам и која ми е голема утеха. Се чувствувам безбедно, таа се грижи за мене како никој досега“ - рече Бибер во интервјуто за „GQ“ магазинот. Тој објасни дека сега се чувствува како некој кој би можел да пружи љубов, бидејќи од својата сопруга добил утеха, па сега и тој може да утеши некој.
Меѓутоа, сето она што го преживеал во младоста, пред сѐ на емотивно ниво кога станал популарен на 15 години, сега се обидува да го „утеши тоа момче во себе“. Тој се присети и на своето не толку успешно минато.
„Не сакам да дозволам мојот срам од минатото да одреди што можам сега да направам за луѓето. Многу луѓе дозволуваат минатото да ги оптеретува и никогаш не го прават она што го сакаат, бидејќи мислат дека не се доволно добри. Но јас сметам: Направив еден тон глупости. Во ред е. Сѐ уште сум на располагање. И сѐ уште вредам за да помогнам“.
Канадскиот поп пејач се здоби со лоша репутација поради сериозните проблеми кои ги имаше со дрогата во минатите години. Толку сериозен, што неговите телохранители морале навечер да влегуваат во неговата соба за да му го проверат пулсот и да се уверат дека е жив.
„Го имав целиот тој успех, но и понатаму бев тажен. Ги имав сите тие нерешени работи во животот, а мислев дека успехот ќе поправи сѐ. За мене дрогата беше средство кое ќе ме отргне до таа болка за да можев да пролжам“ - раскажа Бибер. Тој кажа дека и се селел од свои 15 или 16 години, зборуваше за верата која му помага, како и дека се променил.
Неговиот прв сингл „One Time“ достигна неверојатен успех во 2009 година кога имал само 15 години. Во текот на наредните години стана глобална суперѕвезда, а тогаш и неговото однесување стануваше сѐ понестабилно. Во ноември 2018 година, пејачот се ожени со манекенката Хајли Бибер, а следната година јави дека ќе направи музичка пауза за да се фокусира на своето психичко здравје.
фото: Инстаграм / Принтскрин од Јутјуб