Темната страна на Илон Маск: Првата сопруга откри морничави работи кои тој ги правел

Темната страна на Илон Маск: Првата сопруга откри морничави работи кои тој ги правел

Објавена во: Живот // Живот

Не е злато сè што свети. Можеби Илон Маск е гениј, богат, но не и добар човек...

Милијардерот Илон Маск и неговата девојка, пејачката Клер Елис Баучер, попозната како Грајмс, пред неколку дена ја раскинаа тригодишната врска.

Веста ја објави „Page Six“, која доби потврда од Илон дека тоа е вистина. Тој рече дека останале во добри односи и дека заедно ќе се грижат за нивниот едногодишен син со необично име X Æ A-Xii.

„Раскинавме, но и понатаму се сакаме и често се гледаме“ - рече милијардерот.

„Мојата работа во SpaceX и Tesla бара да бидам во Тексас или да патувам во странство, додека таа е првенствено во Лос Анџелес. Моментално престојува кај мене, а нашиот син е во соседната соба“ - додаде Маск.

Грајмс неодамна ја изненади јавноста кога рече дека не се идентификува како мајка. Таа рече дека не сака синот, чија кратка верзија на името е само Х, да ја нарекува мамо, туку да ѝ се обраќа со Клер.

„Со раѓањето на бебето, доживеав голема ренесанса, уметнички. Мене ми е чудно да се биде мајка. Поради некоја причина, воопшто не се поистоветувам со тој збор. Сето тоа е многу чудно бидејќи Х ме нарекува Клер и никогаш не вели , „Мамо.“ Ја чувствува мојата одбивност кон тој збор.

Не знам зошто чувствувам гадење кон тој збор, бидејќи инаку ја почитувам мајката како институција. Едноставно, не знам, не можам да се идентификувам со тоа, чудно е“ - додаде таа.

Да потсетиме, додека Х е нејзиното прво дете, Маск ги има 17-годишните близнаци Грифин и Ксавиер и тројките, 15-годишниот Дамјан, Саксон и Каи со неговата поранешна сопруга, канадската писателка Џастин Маск. Поранешната двојка имаше и син, Невада, кој почина во 2002 година во 10-тата недела од својот живот од синдром на ненадејна смрт.

Милијардерот исто така беше во брак со актерката Талула Рајли од 2013 до 2016 година, а исто така се гледаше и со Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп.

И не е изненадувачки што Маск, од угледен милијардер, стана контроверзна медиумска фигура, зборуваше во исповедта неговата прва сопруга Џастин. Иако станува збор за изјава стара 11 години, таа повторно излезе на виделина.

Имено, во списанието „Marie Claire“, поранешната г -ѓа Маск ја објави шокантна исповед за темната страна на животот со технолошки магнат.

„Кон крајот на пролетта 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна, тој ми испрати порака дека е свршен со прекрасната британска актерка Талула Рајли, која е во почетокот на дваесеттите години и која поради него се преселила во Лос Анџелес. Тогаш мислев дека мојот живот со тој човек се претвори во клише“ - открила таа тогаш.

Таа додаде дека таа е неговата „почетна сопруга“ објаснувајќи што сака да каже со тоа. Имено, тие се запознале додека Илон сè уште бил студент, а таа била со него низ сите подеми и падови за тој на крајот да ја замени со „нов модел“. Таа, исто така, напиша дека поради договорот, кој го потпишале два месеци по венчавката, останала без ништо што го стекнала во брак.

„Ми рече дека треба да одиме кај адвокат кој ќе ни помогне со финансискиот договор на кој инсистираше неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, ми рече дека тоа не е предбрачен договор“ - открила таа.

Но, токму за таков договор станувало збор. Таа го потпишала во незнаење, и со потпишувањето се откажала од правата што ѝ припаѓале како негова законска сопруга. Таа ја добила само семејна вила во Лос Анџелес што нејзините деца ќе ја наследат. Покрај тоа, таа потпишала дека ништо што тие го кажале за време на бракот, но и никакви сцени, не требало да споменува во судските постапки.

„Се потпишав затоа што слепо му верував. Зошто брак ако не му верувам? Ние бевме сродни души. Верував дека никогаш нема да се разведеме. Животот без него ми беше незамислив“ - додаде таа.

Со текот на годините, таа станала несреќна жена бидејќи Илон престанал да биде човекот во кој се заљубила. Со растот на богатството, тој сè повеќе барал од неа. Ја натерал да стане „трофејна русокоса“ - да ја осветли косата, да посвети повеќе време на нејзиниот изглед и да се смее шармантно.

Денес, вели таа, не жали за разводот, бидејќи нејзиниот живот конечно е подобар.

фото: Пинтрест

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: