Тереза Кесовија објави фотографии од ручекот со Макрон: Еве со кој се фотографирала
Тереза Кесовија вчера била на свечен ручек со Емануел Макрон во загребскиот хотел „Еспланада“, а на новинарите им откри дека на францускиот претседател му ја отпеала „La Chanson de Lara“ и дека бил воодушевен од нејзината изведба.
Пејачката на Инстаграм објави две фотографии од вчерашниот настан.
Изгледа, Тереза не се фотографирала со Макрон, но со неа позирал легендарниот фудбалер и тренер Јосип Скоблар.
„Треба ли воопшто да ја претставам оваа фудбалска легенда“ - напиша Тереза во описот на фотографијата.
Тереза била повикана на ручек со Макрон бидејќ иимала значајна кариера во Гранција и го носи француското одликување Офицер од редот на уметноста.
Кесовија во Франција живеела во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера, која ја започнала во 1965 година, кога ја отпеала „La Chanson de Lara“ за филмот „Доктор Живаго“. Додека живеела и работела во Франција, Тереза соработувала со познати ѕвезди како што се Серге Лама, Тино Роси, Гилберт Бекауд и Рита Павоне.
Париската „Олимпија“, Тереза ја наполнила дури 4 пати. Запознала неколку француски претседатели, а ова ѝ била прва средба со Макрон.