Тешка животна приказна на самохраната мајка Лилјана: Се грижи за двете неподвижни деца
Една несреќа никогаш не доаѓа сама, така е и во семејството Чолиќ од Љубосело. Самохраната мајка (71) во скромно приземје се грижи за тешко болниот син Александар (48) а неколку километри оддалечена во стан од истата болест страда и нејзината две години помлада ќерка Јелена (46). Нивната болест „Morbus neuroni motori“ - болест на моторниот неврон им ги земала најубавите години од животот и ги врзала за постела.
„Моите деца беа здрави, редовно одеа на часови, беа добри ученици. Аце служеше војска, нашиот живот беше нормален и сè беше во ред. Останав сама со нив кога имаа три и пет години, но се борев и тие никогаш не беа болни. И тогаш одеднаш започна нашата агонија, најпрво Аце на 27-годишна возраст, започна нестабилно да оди, од ден на ден состојбата се менуваше на полошо, бидејќи мозочните клетки умираа, болеста ја покажа целата лоша страна. Видот и говорот му се оштетени, не може да се движи, мна почетокот можеше да седи, чита весници, сега е врзан за кревет и не може да стори ништо. Не можам да го оставам сам, јас сум со него 24 часа на ден, ако треба да одам во градот, и плаќам на жена да се грижи за него“, раскажува за РИНА Лилjана Чолиќ.
Јелена се разболела подоцна, но еве веќе 10 години и таа страда како нејзиниот брат. Таа е самохрана мајка на 17 годишниот син Никола, кој за жал повеќе не може да го види поради оваа болест. Целосно е слепа, не може да се грижи за себе не станува од кревет. Морав да платам жена да ја чува бидејќи јас сама не можам да се грижам за двајца возрасни луѓе, тоа е мака. Нашите животи се претворија во пекол, не знаеме веќе да се радуваме. Состојбата на Александар станува се потешка, целосно е врзан за постела, вели со треперлив глас оваа храбра мајка.
Лилјана сите овие години се бори со помош на добри луѓе, како што вели најмногу и значи пддршката и пријателската рака, бидејќи тогаш знае дека не е сама.