Тешката болест не ги спречува да уживаат: Сопругата на Брус Вилис објави видео од дружбата на таткото и ќерката
Сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, неодамна на Инстаграм сподели прекрасно видео од нејзината најстара ќерка Мејбел, која се забавува со нејзиниот татко.
Во позадина свиреше песната на Лизо „About Damn Time“, а десетгодишната ќерка му покажуваше на тато како се игра во денешно време. Кога Брус Вилис (67) се обиде да ги ископира движењата, на вистински татковски начин, девојчето „пукна“ од смеење.
Едноставно само се редеа позитивни коментари: „како крал си“, „браво супер татко“ и „херој, те сакаме!“
Потсетуваме, на почетокот на оваа година семејството на акционата ѕвезда преку социјалните мрежи објави дека му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од својата повеќедецениска кариера.
Афазијата е медицинска состојба која може да влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик, и вербално и писмено.
Извор: www.novosti.rs