ТЕСТ: Избери форма и дознај која професија е соодветна за тебе

ТЕСТ: Избери форма и дознај која професија е соодветна за тебе

Објавена во: Совети // Тестови

Дали сте размислувале што би сакале да биде вашата идна професија? По ова прашање, денес споделуваме забавен тест со вас. Изберете геометриска фигура. Вашите избори ќе откријат многу за вашите позитивни и негативни страни, како и професиите кои се соодветни за вашата личност.

# Круг

Доколку избравте круг, тогаш секогаш се фокусирате на меѓучовечките односи. За вас е важно луѓето околу вас да бидат среќни. Секогаш може да се потпрете за совет кога некој треба да го послушате, разберете. Но, како и секоја личност и вие имате негативни страни, како што е тенденцијата да озборувате, неодлучноста, мрзеливоста и самокритичноста, а овие работи ве одделуваат од успехот.

Погодни професии за вас се: наставник, специјалист за маркетинг, специјалист за човечки ресурси, историчар, актер, менаџер на ресторан.

# Квадрат

Вие сте воркохолик и никогаш не ги оставате работите незавршени. Трпеливи сте, но на моменти и аналички настроени, што понекогаш ве тера да се двоумите и колебате. Вие се водите по логика, отколку по интуиција. За важно е важно сѐ да биде добро испланирано.

Погодни професии во кои може да успеете се: директор, сметководител, вработен во банка, програмер, доктор, инженер.

# Триаголник

Доколку вашиот избор е оваа геометриска фигура, тогаш сте аналитичка личност која брзо учи и може да апсорбира цело богатство на информации. Уверени сте во своите способности, постапувате смело и контролирате што се случува околу вас.

Конкретни сте, иновативни, критични, но исто така и нетрпеливи.

Погодни професии за вас се: архитект, претприемач, дизајнер, економист, адвокат, пилот.

# Правоаголник

Вие сте личност која се колеба и која ги остава работите недовршени. Иако имате многу вредни квалитети, се чини дека несигурноста кај вас преовладува и истата е видлива за другите. Храброста и љубопитноста не ви недостасуваат. Имате чувство за убавина, имате идеи, но ретко започнувате со реализација.

Погодни професии за вас се: дизајнер на ентериер, научник, музичар.

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: