Тест по кој полудеа луѓето: Сите сакаат да дознаат која боја е нивната личност

Тест по кој полудеа луѓето: Сите сакаат да дознаат која боја е нивната личност

Објавена во: Совети // Тестови

Постојано се појавуваат некои нови тестови како овој и често стануваат популарни, а јасно е и зошто  - забавни се и неверојатно точни...

Иако е тотално глупаво, но кој не би сакал да знае која боја е. Овој тест стана популарен откако еден куп луѓе на ТикТок започнаа да ги објавуваат своите резултати, а „For You Page“ експлодираше од видеата на оваа тема. Добрата вест е дека не ви треба ТикТок за да откриете која бои сте.

Она што го прави популарен овој тест, покрај тоа што е забавен, е тоа што некако навистина успева да ја погоди личноста на човекот. Бидејќи покрај добивањето на бојата што ви припаѓа по решавањето на овој тест, ќе добиете и краток опис на вашата личност, „инструкција“ за пријателите што треба да знаат за вас и со какви луѓе најдобро се согласувате . Овој тест се заснова на тестот за препознавање на личноста од 1978 година, создаден од Дон Лоури. Неговата теорија била дека на секоја личност може да и се припише боја која е комбинација на сината, портокаловата, зелената и златната боја. Наводно секој има две бои кои доминираат во неговата личност. И зад секоја има значење.

Тестот е онлајн и можете да го решите ТУКА. Составен е од 12 прашања кои главно се однесуваат на каква личност си во комуникацијата со другите. Ништо тешко или комплицирано. Кога ќе одговорите на сите прашања, ќе добиете резултат. 


Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: