Тестираат шминка на нас, не смееш да кажеш не: Бизарни правила кои вработените кај Кардашијанс мора да ги почитуваат

Тестираат шминка на нас, не смееш да кажеш не: Бизарни правила кои вработените кај Кардашијанс мора да ги почитуваат

Објавена во: Совети // Семејство

Изгледа дека планетарната популарност не може да помине без лошо однесување и строги правила, па вработените кај семејството Кардашијан навистина мораат да ги почитуваат најбизарните барања.

Доколку не можете да замислите да добиете отказ затоа што сте подготвиле смути кои е за нијанса поладно отколку што би требало или затоа што не сте го наредиле плакарот под агол од 90 степени, вработените кај сестрите Кардашијан можат.

Благодарение на целиот тим кој работи за неа, Ким Кардашијан го постигнува сето она што се бара од неа: секогаш да изгледа добро, да износи одлични модни комбинации и да се појави на секој спектакуларен настан.

Сепак, дали воопшто можете да замислите колку оваа ѕвезда е строга кога се во прашање задачите на нејзиниот тим?

Готвачите, чистачките, дадилките и асистентите мора да се придржуваат до правилата кои ги има донесено Ким, а сигурни сме дека ќе се согласите дека тие воопшто не се лесни.

Обука за гардероба

Оваа активност, Ким ја бара од своите вработени. И не, тоа не е обично средување на алиштата, туку за средување на нејзиниот гардеробер потребно е да се помине посебна одлука. Ким се колне во своето модно царство и не може да дозволи било кој да го работи тоа.

Нејзиното барање е сѐ да биде наредено кога ќе се врати од некој настан, а бидејќи дневно менува по 10 модни комбинации, нејзините вработени мораат да ѝ ги додаваат, да ја облекуваат, да ги враќаат на место и слично.

Исто така, на Ким најважно ѝ е ракавите од одредени модни парчиња да се наредени под конец, а доколку тоа не се испочитува или едноставно не ѝ се допадне како стојат ракавитем вработените добиваат отказ.

Забрането е будењето

Вработените кај Ким знаат дека основно правило е дека не смеат да ја разбудат, без разлика на тоа што се случува, дури и ако децата плачат. Ким истакна дека причината за ова правило е тоа што будењето ѝ го расипува сонот, а тоа, како што вели, „значително влијае на убавината“.

Таа сака секој ден да биде одморена и свежа, а за децата се одговорни дадилките. Тоа исто така важи и за нејзините асистентки кои ќе бидат санкционирани доколку летот доцни или доколку автомобилот не стигнал на време.

Во ова влегува и сето она што може да го замислите, а што всушност не зависи од самите вработени.

Смути пред зора

Ниту Кајли Џенер не е помалку строга од својата сестра Ким. Таа бара секое утро, пред зори, да ѝ се однесе смути во спалната соба, за кое е задолжена нејзината асистентка. Доколку е малку поладно од она што би требало, Кајли одбива да го пие.

Поради тоа нејзината асистентка добива голем минус во извршувањето на својата работа. Кога една од нејзините вработени дала отказ, се шпекулираше дека главната причина за таквата одлука е всушност желбата сама да стане популарна на Инстаграм.

Вработените мора да бидат во сенка

Бидејќи секој чекор на семејството Кардашијан се следи во чекор, тие секогаш се опкружени со многубројни папараци. Штом се појават во јавноста, настануваат многу фотографии.

Ким бара од своите вработени секогаш да бидат во нејзината сенка, па со самото тоа не смеат да се појавуваат покрај или пред неа. Причината за ова правило е дека Ким мора да биде во центарот на вниманието, прв кадар и план на секоја фотографија.

Тестирање на шминка на вработените

Кајли Џенер своите кармини ги тестира на рацете на својата слугинка. Во една прилика изјави дека таа „неверојатно добра рака“ за тоа, како и дека е „многу фина, бидејќи само седи, молчи и ѝ дозволува да ѝ става што сака“.

Можеби би добила отказ би кажала нешто спротивно на тоа?

Накитот е строго забранет

Никој од вработените на себе не смее да има обетки, ланче, нараквица. Ким Кардашијан во 2016 година беше ограбена, ѝ исчезна накит и од тогаш е поставено ова правило. Ниту самата таа повеќе не носи накит.

„Крадци влегоа во мојот апартман, го сакаа мојот прстен и мојот накит и јас им дадов сѐ без да негодувам. Потоа ме врзаа, ми ставија леплива лента околу устата, рацете и нозете. Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот.

Само си помислив „Сега ќе умрам“. Буквално се подготвував за моментот кога ќе го вперат пиштолот во мене и ќе ме убијат. Тие 10 минути го променија целиот мој живот“ - кажа Ким во една прилика.

# Зависиш од брзината

Поранешните работници до „Spatz“ лабораторијата во која се произведуваат производите од козметичката линија „Kylie cosmetics“ ги откриваат стравичните услови во кои работеле. Морале да работата потполна тишина додека наоколу се шетале Кајли и Крис, а морале да лансираат од 1.000 до 1.200 производи на ден.

„Надзорниците што ги имав таму, одвратно се однесуваа со нас и јавно не понижуваа. Сѐ мораше да биде совршено направено и ако не беше, ни го фрлаа во лице како ѓубре. Доколку не работите доволно брзо, автоматиски добивате отказ“ - кажа една од вработените и додаде дкеа често одела во тоалет за да плаче, а дека целата обука била едвај 5 минути.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: