Тестирај ја својата логика: Можеш ли да кажеш која е најглупавата личност на сликата?
Сите понекогаш сме се нашле во дискусија која не вкочанила: како е можно моето момче да не разбира што му зборувам, како е можно соседот целата работа толку погрешно да ја сфатил, како е можно мојата пријателка животот да го гледа поинаку од мене... Токму на тоа сака да упати оваа збунувачко прашање, објавено на страната The Epoc Times.
За разлика од многу тестови за интелигенција, не постои апсолутно точен или апсолутно неточен одговор на ова прашање. Но, доколку го употребиш логичкото размислување и дозволиш на него да влијае твојата животна филозофија, ќе откриеш нешто за себе, но и научиш. Се нудат два заклучоци од ова кратко прашање. Нашите заклучоци тргнуваат од два потполно различни гледишта - твојата почетна точка ќе ти открие како размислуваш.
Добро анализирај ја сликата и одговори на прашањето - која е најглупавата личност од овие 4 кои се на дрвото?
# Најглупавата личност е означена со бројот 1
Основна логика: Опстанок на најприлагодените
Наједноставната логика ни вели дека во оваа ситуација најсигурна личност е онаа која седи најблиску до стеблото. Секако дека е во предност во однос на оние кои седат далеку на гранките. По таа логика можеме да заклучиме дека најмалку паметна личност е онаа која седи на налошата позиција. Од таквото размислување следи дека најглупави личности се оние под број 1 и 4.
Па сепак, тоа што личноста под број 4 изгледа како да е приморана да си ја сече гранката на која седи - можеби е склона на самоубиства - можеме да заклучиме дека на некој начин е најмалку свесна за својата лоша позиција и последица која следи. Од друга страна, личноста 1 следи мирно иако дури двајца луѓе и ја сечат гранката на која седи како да е несвесна за тоа што следува - што не доведува до заклучок дека оваа личност е најглупава.
Доколку ја одбра оваа логика веројатно веруваш во научниот напредок и испитувањето на старите решенија разумно и логично. Науката ни нуди нови начини на размислување на светот и друштво, а ти веруваш дека можеме да обликуваме иднина и така да ги остваруваме своите цели. Веројатно старите институции ги сметаш за догматски, празноверни.
# Најглупавата личност е означена со бројот 3
Основна логика - метафизичка правда
Додека логиката открива кој е моментално на подобра позиција, постојат и многу големи работи во игра, кои не се ништо помалку логични, а ги менуваат нашите заклучоци бидејќи ги зимаат предвид моралните и метафизичките последици на чинот. Самата идеја на правдата го отвара прашањето казна и иднина, на пример затворска казна или некоја начин на одмазда. Предностите на претходното логичко размислување изчезнуваат и сите идни последици на чимот мора да се земат предвид - најглупав е оној на крајот ги сноси најтешките последици.
Во идеалното сценарио, личноста 1 требало да проба да го спречи злосторството, иако сега е веќе прекасно, а можеби и премногу глупава за да сфати што ќе и се случи. Сепак, можеме да заклучиме дека личност а1 барем нема да направи злосторство против другите. Истовремено, личноста 4 се загрозува самата, неговото однесува можеби воопшто не открива како тој размислува во нормани околности. Во најлош случај, тоа што го прави, погодува само една личност.
Личностите 2 и 3 изгледаат како да се подготвени да направат злодело. Можеби ги чека затвор или одмазда од бесните граѓани или вечна казна по смртта. Тие свесно сакаат да наштетат на друг и резултатите за нив сигурно се најлоши. Личноста со број 3 најверојатно ќе доживее најлоша казна бидејќи пробуда да им наштети на две личности, а не само на една. Затоа е најглупава од сите четири.
Доколку ја одбра оваа логика најверојатно ги поддржуваш древните морални и граѓански институции и традиции (вклучувајќи и метафизички идеи и верувања), а не најновите, далекусежни научни откритија. Веруваш дека многу од тие откритија не биле потврдени со текот на времето и сметаш дека на т.н. „прогрес“ треба да му приоѓаш со внимание.