Tестирањето се сведе на обиди за приклучување и нервози кај родителите и учениците: Средношколски Глас за Националната платформа
По денешниот речиси неуспешен тест на Националната платформа за учење на далечина, се јави и Средношколскиот глас.
Тие имаа свое обраќање на социјалните мрежи и откако истакнаа дека пробата била фијаско во потполна смисла на зборот, исто така посочија и на еден поголемите проблеми според нив.
„Денес на 29.09.2020 година беа закажани првите пробни часови на националната платформа. Требаше да се приклучат и основните и средните училишта и да се одржат првите пробни часови, но сите обиди за приклучување завршија со објаснување дека паднал системот. Ваквото фијаско се случува на само еден ден пред почетокот на учебната година, но исто така еден од големите проблеми е и недостапноста на платформата за на мобилните телефони. На крајот тестирањето се сведе на обиди за приклучување и нервози кај родителите и учениците. Средношколски Глас будно ги следи случувањата и го изнесува гласот на средношколците.“ - стоеше во нивната објава.