Ти благодарам за најубавиот подарок - внукот Жељко: Баба Цеца јавно ѝ се заблагодари на Богдана
Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, се породи на 3 јуни и на свет донесе машко дете, кое го доби името по дедото - Жељко.
Денес, Вељко заедно со својата мајка Цеца ги зема од болница својата сопруга и новородениот син. Откако се сместија во својот дом, гордата и пресреќна баба Цеца на својот Инстаграм профил сподели фотографија од снаата Богдана, покрај која следуваше емотивна порака.
„Убавице моја, ти благодарам за најубавиот подарок кој го добив од тебе, внукот Жељко... Весела, храбра моја девојко, многу те сакам“ - напиша Цеца.