Ти се допаѓа стилот на Кендал Џенер? Оваа продавница има соработка со неа

Ти се допаѓа стилот на Кендал Џенер? Оваа продавница има соработка со неа

Објавена во: Мода // Moj стил

Колекцијата е екслузивна и е достапна уште многу малку време!

Доколку некогаш си сакала да се облекуваш како Кендал, но никако не си можела да ги пронајдеш парчињата облека кои се слични на она што го носи, ова е вистинската можност. Со оглед на тоа дека Кендал најчесто е во скапоцена дизајнерска облека, оваа колекција им даде можност на сите за што помалку пари да се облечат како неа.

Од сите Кардашијан - Џенер сестри, Кендал дефинитивно има најдобар стил на облекување. Секогаш е во удобни колекции и неутрални бои, без никакво претерување, луди парчиња, има комбинации во кои можеме да се замислиме секој ден. Но, исто така, кога има некој посебен настан, воодушевува со изборот на фустани. Додека другите нејзини сестри често се во провокативни маици и прекратки парчиња облека, таа носи и тренерки и обичен кроп топ.

Веќе неколку дена трае екслузивната соработка која таа ја има со онлјан продавницата „About You“, а која се состои од различни модни парчиња кои ја претставуваат Кендал и нејзиниот стил. И сите парчиња навистина се типични и во нив можеш да ја видиш Кендал кога ќе ја уловат папараците, додека оди на вечера или на дружење со пријателите. Колекцијата се состои од 11 парчиња облека кои доаѓаат во различни бои, а некои веќе и се распродадени. Сѐ можеше да се купи од вчера, 25 јули, а кога ќе поминат три дена, заминува и можноста за купување на овие парчиња. Не се вика за џабе екслузивна колекција.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: