Ти здодееја шишките: Најдобри трикови за нивен раст, во зависност од типот на вашата коса
Токму затоа што знаат колку проблеми можат да им создадат, многу девојки ќе размислат добро пред да сечат шишки. Но, не мора да биде така, советува фризер кој вели дека растот на шишки треба да се прилагоди на видот на косата.
Шишките доаѓаат во сите облици - од рамни и кратки до т.н. “завеси“ што се протегаат по обликот на лицето, оние на страна, кадрави и други верзии. Важно е да се потенцира дека процесот на растење не може да биде ист за секого, велат фризерите.
Како да пуштите рамни шишки
Тие имаат остра линија, рамно се сечат, и обично се обликуваат испеглани, или со природна текстура. Ова е причината зошто овие шишки се најтешки за пуштање, главно затоа што тие не се спојуваат со остатокот од косата при растењето - вели славниот фризер Маркус Франсис.
Која е најдобрата работа да се направи тогаш? Френсис предлага одење на фризер за да ги омекнат аглите со сечење, многу мал пресек под агол од 45 степени, така што тие ќе имаат малку повеќе спојување со остатокот од косата.
Како растат брановидни шишки
Брановидни шишки можат да бидат целосно над челото или на страна. Бидејќи текстурата е брановидна, тие немаат целосно јасен раб. Тие растат полесно, а вие можете да им помогнете во овој процес со скратување на неколку прамени по должината на лицето, и ќе се вклопат уште повеќе и ќе дадете малку „бушав изглед“ на вашата фризура во основа правејќи неколку слоеви на врамување на лицето малку подолго од самите шишки - објаснува Френсис.
Пуштање на кадрави шишки
Овие се дефинитивно шишки кои растат најлесно, односно може повеќе или помалку да ја прескокнете незгодната фаза на раст со неколку трикови во стилот.
- Текстурата на кадрици е еластична и можете да ги пресвртувате или да ги обликувате за да ги споите со остатокот од косата. Различни креми за стилизирање ќе ви помогнат во ова, особено на краевите на кадриците, според вашата желба. Започнете со овој процес додека косата ви се исуши, а доколку сакате малку повеќе волумен, забрзајте го процесот со микрофибер пешкир за да отстраните малку вода и да го зголемите волуменот.
Некои од советите за стилизирање шишки за сите типови коса, при нивно пуштање е: поделени и поместени настрана, или прицврстени со шноли, ленти.
извор:24sata.hr