Тие не анализираат многу: И од момците можеш да научиш нешто!

Тие не анализираат многу: И од момците можеш да научиш нешто!

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Неколку работи што би можела да ги научиш од момците!

Веројатно веќе те фаќа смеа и си велиш што би можела да научам од некој кој мисли дека на светов постојат само 4 бои, наместо гардеробер има столица преку која префрла сè, омилена облека му се патиките и фармерките, а омилена забава дремењето со другарите. Што може да ми покаже некој кој е опседнат со компјутерски игри и некој кој ретко одговара на пораките на Инстаграм и Фејсбук.  Епа колку и да звучи неверојатно и од момците може да научиш нешто!

Тие не анализираат многу!

Ако се скараат со некој другар, не трошат повеќе од три минути за да го решат тој проблем: ако се виновни се извинуваат со една реченица, одат да играат фудбал или пуштаат некоја игра на компјутер и проблемот не само што е решен туку е и заборавен.

Не се опседнати со диети!


Мора да се признае дека и момците внимаваат на својот изглед и вежбаат, но не се опседнати со него и со тоа што го јадат. Кога се во друштво верувај дека секој втор збор не им е: Од утре сум на диета! Токму ова нека биде едно од нештата што ќе ги научиш од нив. Не се заморувај толку со надворешниот изглед и време е да сфатиш дека вагата не ти е најдобра пријателка.

Се сакаат себе си!

Кога наутро ќе се погледнат во огледало не паѓаат во депресија. Мозолчињата на челото за нив не значат крај на светот, па дури и кога не изгледаат најдобро имаат високо мислење за себе. Тоа е одлично зарем не?

Не озборуваат, всушност не озборуваат често!

Сигурно ти е јасно дека и момците озборуваат и знаат да искоментираат сè и сешто, но тоа го прават многу ретко. И да не се лажеме и тие знаат да пуштат некој муабет за да се направат важни, но нивните муабети најчето не повредуваат дтуку даваат до значење.


Носат комотна облека!

Момците многу ретко би излегле од дома во претесни фармерки или патики кои не се комотни само за да импресионираат некоја девојка. Што покомотно тоа подобро - машкото мото кога станува збор за облеката.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: