Тие се сон на секоја девојка, слатки се, згодни и многу богати: Колку заработуваат омилените, машки пејачи!

Тие се сон на секоја девојка, слатки се, згодни и многу богати: Колку заработуваат омилените, машки пејачи!

Објавена во: Stars // Музика

Во моментов се едни од најполуларните машки пејачи, нивните песни секојдневно се вртат на радиостаниците, а албумите им се продаваат во милионски тиражи. Освен што изгледаат и пеат феноменално тие и вртоглаво заработуваат.  Во продолжение погледни ја листата на омилените, машки пејачи и нивните  досегашни заработки.


1.Charlie Puth – 3 милиони долари

Во однос на оние што следат на оваа листа Чарли и не заработува толку многу. Најголема популарност, а и заработка му донесе песната See You Again во соработка со Виз Калифа во 2015 година. Успех постигна и со дебитантскиот албум Nine Track Mind објавен во 2016 година. Неговиот последен објавен албум е Voicenotes, а од него најголем успех доживеа синглот Attention.

2. Shawn Mendes – 12 милиони долари

Шон најмногу пари заработи на свите турнеји, а само на Illuminate World Tour  во 2017 година заработил 37.8 милони долари. Според Cosmopolitan само од онлајн продажба има заработено 16.5 милиони долари. Овие милиони на сметката му се влеваат и од соработката со брендови како Џои и Армани.

3. Zayn Malik – 65 милиони долари

Се прослави до бендот One Direction, а во 2015 година започна соло кариера. Неговиот дебитанстски албум Mind of Mine го објави во 2016 година, а месецов треба да излезе и неговиот втор албум Icarus Falls кој содржи дури 27 песни, така што сосема е лигично неговата банкарска сметка само да се зголемува.

4. Harry Styles – 75 милиони долари

Најголемиот дел од заработката на Хари е од турнејите на One Direction. Сепак Celebrity Net Worth  наведува дека вкупната заработка на бендот е 150 милиони долари, што значи дека замо Хари досега успеал да заработи половина од богатството на 1D. Во ова успеа благодарение на неговиот прв албум објавен во 2017 година со наслов Harry Styles и успехот на синглот Sign of the Times. Многу заработува и од соработката со Гучи.

5. Ed Sheeran – 110 милиони долари

Ед веќе подолго време е на музичката сцена – неговиот прв албум The Orange Room го објави во 2005 година, но славата ја доживеа дури 6 години подоцна, кога го објави албуот '+' кои многу бргу стана најслушан албум. И следниот негов албум '÷', објавен минатата година за кусо време стана број еден албум на топ листите во дури 10 земји. Ед одржа и неколку концерти и турнеји и токму затоа воошто не нè чудат неговите 110 милиони долари.

6. Justin Bieber – 265 милони долари

На оваа листа секако дека мораше да се најде и Џастин, бидејќи од сите наведени момци тој уверливо заработува најмногу. Неговата најголема заработка е секако од музиката, албумите и трите светски турнеји, но неизоставен дел се и спонзорските договори и брендовите на кои е заштитно лице меѓу кои се вбројуваат и Calvin Klein и OPI.

Фото: Instagram/Screenshot


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: