Тие заработуваат милиони, а таа ги влече конците од сенка: Како Џиџи и Бела Хадид се искачија на врвот и кој ги држи таму?
Ја нарекуваа „мајка од пеколот“, бидејќи на ќерките не им дозволуваше да го прават она што го сакаат, но како што стојат работите, тоа се исплатеше...
Она што некогаш беа Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и другите големи имиња од моделингот, денес тоа се Кендал Џенер, Хајли Бибер, но и неизбежните - сестрите Џиџи и Бела Хадид.
Многумина коментираат дека денешните супер модели не можат ни да им се приближат на старите, но заслужено или не, тие доминираат на светските модни писти, а скоро па и да нема ревија на која не учествувале.
Додека за Кендал се провлекуваше дека кариерата ѝ е купена, ништо поблаги не беа ни кон сестрите Хадид, за кои се зборуваше дека ништо не би постигнале да не била нивната мајка, некогашната манекенка Јоланда Хадид.
Јоланда некогаш била многу успешна манекенка, а јавноста подобро ја запознала и по реалното шоу „The Real Housewives Of Beverly Hills“. Зад себе има два брака и три деца.
Во брак со Мохамед Хадид, таткото на Бела и Џиџи Хадид, беше од 1994 до 2000 година. Потоа се венчаше со Дејвид Фостер со кој беше од 2011 до 2017 година. Покрај ќерките, го има и синот Анвар, кој исто така се занимава со манекенство.
Јоланда е позната и како „мајка од пеколот“. Имено, на едно од снимањата на споменатото реално шоу, таа на Џиџи ѝ забрани да се занимава со одбојка, за да не се „рашири“, но и бидејќи мислела дека ќерка ѝ е лезбејка, зошто постојано носела кошаркарски дресови.
„Ќе мораш да направиш избор“ - ѝ кажа тогаш Јоланда на Џиџи.
„Манекенството е моја работа, а одбојката е она што го сакам“ - се бранеше Џиџи, но некогашната манекенка остана на своето.
„Одбојката е машки спорт, а манекенството е женствено“ - коментираше Јоланда, а потоа додаде: „понекогаш мораме да се откажеме од работите кои ги сакаме“.
Исто така, на Бела ѝ забранувала да јаде колку што сака, „бидејќи Париз и Милано сакаат слаби девојки“, а не ги ни охрабрувала да учат „затоа што манекенството е многу попрофитабилно“.
Меѓутоа, тоа не е сѐ, ниту она најлошото. Џиџи и Бела можеле да си ги избројат сите прегратки од детството, а сето тоа било под лупа уште од мали години, особено кога е Џиџи во прашање, бидејќи во модниот свет влегла уште на 2 години, кога работела на кампања за „Guess“.
Од друга страна и Бела била спортски тип, но нејзината пасија биле коњите. Сакала да оди на Олимписките игри како јаваќ на коњи, но нејзиниот сон завршил кога открила дека има Лајмска болест. Сепак, со помош на својата убавина, популарноста на сестра ѝ и таа успеа да се пробие во светот на модата и за кратко време да застане рамо до рамо со својата постара сестра.
Некои сметаат дека Јоланда најверојатно немала лоша намера, но дека средствата ѝ биле погрешни. Сепак, успеала во намерата. Ќерките ѝ се прославија и се стекнаа со богатство, иако таа и нејзиниот поранешен сопруг и татко на Џиџи и Бела, Мохамед Хадид, уште одамна се погрижиле за семејниот имот.
Можеби ќерките не ѝ замеруваат ништо - иако би можело да настане бум во моментот кога Бела ќе зажали поради бројните операции кои ги имала, а сѐ поради желбата да изгледа што поатрактивно и попопуларно.
По појавувањето на ревијата на „Викторија Сикрет“, на сите им стана јасно дека овие две убавици владеат со модните писти. Нивните спектакуларни настапи се еден од најсилните впечатоци на таа вечер. Дека токму тие две ќе ги носат познатите ангелски крилја, можеше да се претпостави пред 17 години. За сето тоа е виновна само оваа фотографија.
„Пред 17 години ги фотографирав своите Ангели, денес тие две ќе учествуваат на ревијата една покрај друг“ - напиша мама Јоланда во таа прилика и сподели фотографија од детството на девојчињата.
Повеќе нема сомнеж дека манекенството е повеќегодишен сон на познатите сестри. На нивна среќа, желбата им се остварила, а кога дојдоа нивните пет минути, наследнилките на Јоланда Фостер и Мохамед Хадид знаеја како да ги искористат.
Само до раните 20 - ти од манекенството заработиле над 14 милиони, а денес таа цифра е многу поголема. Само за 2020 година, Бела заработила околу 25 милиони долари, а Џиџи некој милион повеќе - 29.
Скоро па да не постои голем бренд во чија кампања се немаат појавено. Од Марк Џекобс, преку Томи Хилфингер, па до Диор и многу други.
Сестрите Хадид се подеднакво успешни на социјалните мрежи, со милиони следбеници на Инстаграм и Твитер. Џиџи ја Инстаграм има 65.4 милиони следбеници, додека Бела има 40.7.
Од друга страна, зад нив не заостанува ниту нивната мајка Јоланда, која е исто така активна на социјалните мрежи, иако најмногу објави има на Инстаграм, каде ја следат 3.6 милиони луѓе.
Меѓутоа, она што со години ја интересираше јавноста е љубовниот живот на овие убавици.
Џиџи пред две години беше во врска со австралискиот пејач и поранешно момче на Мајли Сајрус, Коди Симсон. Потоа, следуваше врска со уште едно позанто име, исто така пејачка - Џо Џонас. Иако двојката се забавуваше некое време, убавата манекенка брзо најде утеха во следното момче, а и самиот Џо во некои интервјуа призна дека му било тешко колку брзо продолжила понатаму. Иако се поврзуваше со уште некои имиња од шоу бизнисот, својата среќа ја најде покрајот пејачот и поранешен член на машкиот бенд „One Direction“, Зејм Малик, со кој неодамна ја доби ќерката Каи. Нивната врска беше поприлично турбулентна, а за време на разделбата која траеше дури една година, се забавуваше и со познатиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон. Меѓутоа, Малик и Џиџи докажаа дека не можат едне без друг и за време на минатогодишниот карантин следуваше зближување, а за кратко дојде и бебето.
Кога е во прашање Бела, ниту таа не заостанува од својата постара сестра. Иако имаше некои пролазни врски, јавноста и понатаму ја памети нејзината врска со The Weeknd, а се шушкаше и дека токму Бела е причината зошто дојде крај на врската на пејачот и Селена Гомез.
Хадид дури се појави и во неговиот спот за песната „In the Night“.
Нивната љубовна приказна трае од 2015 година, аизгледа дека по секое раскинување емоциите се сѐ посилни, па не би не изненадило доколку се смират повторно оваа година.
Пејачот е секогаш добредојден и посакуван гостин во семејството Хадид, а во моментов поранешната двојка ги негува пријателските односи.
Од друга страна, Анвар Хадид се забавува со познатата пејачка Дуа Липа, а поради ставовите за вакцините беше во центарот на вниманието.
„Или ќе го добијам или ќе го излечам со божја волја и ќе добијам антитела природно, што е подобро отколку тој процес да оди неприродно“ - напиша Анвар на темата корона. „Творецот на нашите тела нѐ подготвил за многу повеќе отколку што мислиме.“
Меѓутоа, откако „удрија“ на него, Анвар објасни дека неговото здравје е веќе нарушено и дека мора да води сметка, поради Лајмската болест. Истакна и дека не е против вакцините и дека истражува која вакцина е најдобро да ја прими.
Кога е „најзгодната баба“ во прашање, таа моментално е во среќна врска со бизнисменот Џозеф Џинголи, кого го нарекува „љубов на својот живот“.
Заедно се скоро две години, а Џозеф прилично ѝ помага кога е во прашање фармата на која живее Јоланда. „Мислам дека просто сум родена под среќна ѕвезда“ - рече некогашната манекенка во една прилика, а како што стојат работите, ќе испадне дека тоа што го кажала е вистина.
фото: Profimedia / Shutterstock / Instagram
Извор: wanted.mondo.rs